Балканштина

Пинки ја виде Колинда

Лидер е веднаш да ти најде решение за проблемот или барем да те натера да размислуваш „Out of the box“. Така, по теркот на Марија Антоанета и нејзината славна алтернатива на лебот - колачите, хрватската претседателка, на учениците кои ѝ рекоа дека најмногу им фали сала за физичко, им ги отвори чакрите со: Затоа имате ливада!

Ганди од Нови Сад

Се вика Боро Новаковиќ а тоа двајцата се некои смарачи кои провоцираат веројатно чекајќи овој да им врати или да ги одбутне па да ја прават голема. Ама нема толкави политички простаци кои не можат да се решат со дијазепам.

Запознајте го Среќко, новиот во „Фарма“

И ние сме знаеле јаки кандидати да дадеме за тоа срање од реално шоу ама бидејќи во тој формат ниедно дно не е конечно, во овогодинешниот кастинг се нашло место и за Среќко Вучиќ. Пред десет години имаше документарец за него, со сите негови ПТСП демони, наци тетоважи и поривот „Да го земам калашњиковот и да потепам пола село“. Со среќа.

Бугарска апашаана

Значи, ајвани се, па тоа тие. Ја имаат препеано македонската „Едно име имаме“ па добиле „Б’лгарија цела да е, секој да ја знае!“ И ако во овдешната верзија фалеа уште „два-три дела па да биде цела“, во нивната мањкаат, ни помалку ни повеќе туку - 8 дела!

Венчаницата на Тито и Јованка

Нормално, Тито едно поле оставил празно. Оти кај собира под „занимање“ да напишеш „најголемиот син на југословенските народи и народности“? Ама ете, Јованка и таков го сакала. И, што се вика, избуткаа една живеачка. Љубов.

Кога Грк е дијагноза

Кога резервираш соба преку Букинг, можеш да очекуваш да се зезнеш во некој детал, собата да не е баш светла како што си мислел или купатилото да не е пространо како што ти се видело на сликите. Но, кога резервираш преку Букинг кај Грци, можеш да очекуваш многу, многу повеќе. Еве што одговориле на резервација од Македонија некои мизерии од Вурвуру.