Балканштина

Еко - Софија

Не само за историја, треба и за екологија да ни напишат нешто во учебниците. Стандарди, респонсивност на институции, инклузивност на социјални групи... Имаме многу за учење.

Голготата на нишки демонстрант

„Потресно“ сведоштво на нишлија кој организирано отишол во Белград да демонстрира за Вучиќ. Откако ги ислуша неговите маки, кои се сведуваат на тоа што другите автобуси имале не само сендвичи, туку и банани и јаболка (еј, и банани!), водителката со емпатија на најјако му кажа: „Бар вам је било лепо време“. Цареви!

Студио Б, слобода на изразувањето

Едно време Белград и Србија искрено се бореа за опстанок на Студио Б, медиум кој беше редок глас на разум и нормалност во зовриените воени години. Богами вредеше. Денес на Студио Б имаат полна слобода да решат дали вестите ќе ги почнат со „Гледате вести“ или пак со „Ова се вести“.

Спиш ли спокойно, Джеймс Камерън?

Бугарска реклама инспирирана од филмот Титаник. Двајцата тие, застанати на нос на бродот, доаѓаат до леден брег, тоест ајсберг. После тоа бугарскиот Леонардо ќе напише програмски ред во својот лаптот и на крај тие двајцата, заедно со уште неколку млади црепови, ќе наздравуваат со пијачките и најкилаво на свет ќе викаат: „Ајс, ајс, бејби.“ Тоа. Европо, што не кажуваш вакви работи?