Балканштина

Рапорт од српските избори

Ако сте ги пропуштиле српските избори (а немаше причина да ги следите, освен пар дражесни спотови кои ги објавивме) Зоран Кесиќ ги сумира во три минути. Одлично резиме.

Та не е саде Вучиќ

Претстојните српски избори како да не се за парламент туку за најглуп политички спот. Сосема заслужено, досега на врвот беа спотовите на Александар Вуќиќ но за утакмицата да биде интересна до крај, со жестока доза баналност се пробива аутсајдерот Попов. Милош Попов.

Ненад Чанак, и да врне и да вее

Ненад Чанак и неговиот Војдодински фронт излегуваат во изборна кампања со слоганот „И во добро и во лошо, ние сме тука!“ Еве како ја визуелизирале пораката.

MMF кој прв почна

Ако не сте баш талибанци/пуританци па се згрозувате од самото тоа што го правеле (тројка правеле, у реду е), првата реакција ќе ви биде: Зошто побогу, ова го зборат на телевизија? Ама поинтересна е втората реакција: Зошто побогу, јас ова цело го изгледав?

Пакетирање изборни гласови

Човек од овие простори, на кој многу му прекипело како мизерно се купуваат изборни гласови и како со смешни пакети брашно и зејтин се поткупуваат гласачите. Ок, таму барем им е јасно дека се работи за поткуп, овде уште нè убедуваат дека тоа е помагање на оние на кои најмногу им треба. 

ВИС Преклапача

Само во оваа постава некој може да каже дека го „свирам првиот глас“ а тоа да не е фејкњуз. Елем, друштванцето нашло начин како гласовите да ги искористи како инструменти. Што сè човек на овие простори нема да смисли само да не се фати за мотика или да седи со жена му.

Щото се Булгари

Павел и Венци Венц фино го запердашиле она патриотско мавање по гради на алкохолен погон што е феномен својствен на целиот овој тажен регион (пред концертно да ја опејува нашата светла НАТО иднина со сменето име, Вртев тоа го викаше „со скинати гаќи и опинок во глава“). Ама, особено е бурлеска кај оние кои патриотски жалат по туѓи девојки од туѓи дворови. Зошто прават така? Е, види наслов, де.