Балканштина

И тоа дочекавме: „Македонско девојче“ на грчки

Млади левичари од Грција кои имаат многу против НАТО а ништо против наша Македонија, со песна ги ребрачат Мицотакис и десничарите. Откако и ние влеговме во прекрасната Алијанса, останаа само мигрантите да се криви за проблемите на Гркот. 

Хрвативе да не останат нешто покусо од Велес

Не знаеме дали имаат дојава некоја од тука, ама и Загреб дочека да биде дезинфициран од лошите духови на ковид-19. Со среќа нека им е.

Она прашање за реновирање може не беше толку глупо

Кога си во карантин па ќе си помислиш дека е тоа идеална прилика прв пат во животот да почнеш со вежбање. А жен ти уште па те форсера. 

Што за короната мисли Катерина?

За да не ви даваме спојлери, за да не речете дека некои делови сме ги пренагласиле а други запоставиле, слушнете ја интегрално со свои уши жената од Чаковец, Хрвтаска. Ние ја слушаме на рипит, јер може баш ова е лајфсејвер, не?

Напредна одбрана од корона

Чадор, бидејќи маски се за аматери. Ситуација: таткото е дома, ќерката доаѓа по сарми.

Ставање маска, босанска школа

Федералниот премиер на Босна и Херцеговина, господинот Фадил Новалиќ.

Летвичката за пијанство е подигната

Шампионот се вика Иван Т., има 35 години и веројатно никогаш нема да се сети како го направил овој мал подвиг, обидувајќи се да го премости проблемот на кој наишол. 

Што ќе ми е, од кај ми мене корона?

Оригиналниот Обеликс уште како мал имаше паднато во лонец со магичната течност по што добиената сила му траеше цел живот. Српскиот Обеликс ја нема таа среќа па мора секојдневно да ја надополнува дозата. Побааги.

Луѓе и балкони, културолошки разлики

Имаме два примера, временски лоцирани во ерата на коронавирусот. Од Италија и од Германија. И еден вонвременски пример, од Србија.

Корона нуспојави: Ги збудалува родителите

Изолацијата заради пандемијата е прекрасна можност родител да помине повеќе време со своите деца, да види што тоа учат на школо, да им помогне малку и заедно да минат некој школски материјал.... Српскиот актер и водител Милан Калиниќ наивно наседнал на оваа подмолна пропаганда.

Географија на српски начин

Ако вака изгледа и наставата која се планира да се спроведува преку телевизија, на коњ сме. Цел живот нашите деца ќе ги добиваме на банални опклади.

Бојко Борисов стави маска

Леле бе сега оној нашион кога ќе почне да го имитира Борисов во име на добрососедските односи. Па кога својот лидер ќе почнат да го имитираат неговите партиски фанови. Па кога ќе се јават аналитичари да објаснуваат дека и тоа е легитимен начин на носење маска....