Балканштина

Македонија стана грчка, карантинот не

На луѓе од солунското предградие Евосмос им прекипел карантинот па решиле да си направат своја невладина забава во маало, кој на улица, кој на балкон.. Нашата полиција не мора да стравува, нас уште масовно не болат нозете како се изжуркавме на оние концертите за НАТО.

Је Suis Banja Luka

Надлежен од Бања Лука се жали како луѓето не се свесни за сериозноста на ситуацијата. Вчера им било побарано да обезбедат ракија. Вчера за вчера. Денес имаaт друга - многу логична - нарачка.

Татко и син во комуникација

Седат заедно во кола, ама секој во својот свет. Младиот ги кажува клучните зборови на својата генерација (сабскрајб, шер, лајк...), стариот решава да го појача она што го слушнал, со свои предлози. Последниот збор го има стариот.  

Полиглотот од Башчаршија

Штета што не продава свила. Живо нè занима како ќе му ја објаснеше бубата.

Дојава од прав човек

Човек се јавува на радио преку етер да ѝ порача на својата драга дека ја сака (знае дека она слуша), да ѝ се извини што не се вртел дома поради деловни гужви ама дека е тргнат. Се јавува друг човек од истиот град. 

Спасете го фалшот

На телевизиска настава, наставничката ги потсетува децата на скалата и ја отпејува, ама така фалш што корона на чекан и наковална се фаќа. Но, за зналци, не се родил таков фалш кој не може да биде облагороден со некоја џез хармонија. Алал.

Вучиќ и младите

Видео снимка од Ниш каде карантинската тишина се разбива со навивачко скандирање од балкони Вучиќ да оди да се лечи. Но, внатре во некои српски домови се одвива сосема поинаква драма.