Балканштина

Дечко кој никогаш нема да се опорави

Од непосредна близина на Александар Вучиќ, пробува да обрне внимание на една разгорена мисла на премиерот. Вака не ни паднало жал уште од онаа сцена во серијата Чернобил, со доброволците кои одеа да се соочат со изворот на радијацијата.

Емисијата која ја подели Хрватска

Некои го хејтаат водителот на емисијата „Во недела во два“, “Александар Станковиќ, некои неговата гостинка Јелена Вељача. Двајцата не можеа да се согласат главно за  - Салма Хаек.

Драгана Бијонсе Мирковиќ

Светот во 90-тите години од минатиот век не беше подготвен и зрел за екс-ју трешот. Денес тоа изгледа поинаку. Аудио: Single Ladies.  Видео: Опојни су зумбули.

Савова за кметица

Додека ние сме принудени вечно да бираме меѓу Курто и Дудуш, длабоко натопена во европските вредности, Бугарија може да си дозволи вистински шарена и палава понуда. Овојпат за тоа се погрижува Дијана Савова Габрова од партијата Волја, кандидирана за кметица на гратчето Момин проход во западна Бугарија. Макроне, Макроне, начисто нè запусти.

Изберете ја Ава, аман-заман

Ава Карабатиќ е една, да речеме згодна, но зацијело манијакално- депресивна лудара која шпарташе по реални шоуа на Балканов. Оние што ја „хендлаат“, ја имаат убедено да ѝ биде противкандидат на Колинда за претседателка на Хрватска. Од програмата на Ава (слоганот е: „Сите ќе ве задоволам“) издвојуваме: бесплатни пластични операции за сите хрватски домаќинки.

Како дојдовме до дереџе овие да нè уценуваат?

Мала прошетка низ естетиката на политичката понуда за локалните избори во Бугарија 2019 година.

Две Грети од Бугарија

Две млади момчиња од Бугарија во автобус дебатираат за дилемата, тадаам, капитализам или комунизам! Да видите само со каква „пензионерска“ сериозност и ангажираност тие се занимаваат со оваа тема. На нивна возраст, од наши дечки можеш да извадиш муабет евентуално за Фортнајт или за Џипи. 

Ако нејќе Мујо во веце...

Легендарниот градоначалник на српска Јагодина пригодно отвора веце за земјоделците, среде нива. Како што луцидно опсервира премудриот Палма, проблемот кој тие луѓе го имаат е особено видлив кога пченката е ниска.