Балканштина

Понуда каква што сме се изнагледале

Кога некоја власт ќе ти каже, знаеме дека не бевме совршени.

Две парчиња ТЛН

Зошто сега Топ листа, кога е тоа ем старо ем не е наше? Епа, затоа што на повидок нема ни ништо ново ни ништо наше. И затоа што се просто, ненадјебиви.

Мило, една поинаква приказна

Ви звучи ли познато кога некој политичар кој маестрално потфрлил бара уште една доверба, затоа што во првата прилика бил фрлен во оган и наишол на хаос, ама дека сега научил како треба и затоа е ред да му се даде уште една шанса? Да де. Црногорските мадафакери Букс оф књиге мајсторски го тролаат нивниот Мило.  

Поука за шефови кои малтретираат

Дечко се јавува во програма за да сподели дека на работа има шеф кретен кој постојано го малтретира, не му почитува ни викенд ни празник, дека за сешто го користи, а дека и платата не е никако сјајна. „Па добро, зошто го трпиш тоа, што не дадеш отказ?“ го прашува водителот. Тука сме!

Вади го, живти мајка!

Ако ви кажеме дека реченицата „Вади го, живти мајка!“ ја кажува очaен маж со разголен задник околу кој е заинтересиран друг маж, а попат изговара и едно преколнувачко „Срцето ќе ми претрча!“, што ќе помислите? Нормално, дека се работи за блиска средба на мажот и неговиот гол задник со - игла.

Во спомен на Шева, сонцето наше драго

После сè што сме изгледале (а сме изгледале многу), без грам дилема носиме заклучок дека емисијата на Жељко Малнар „Ноќна Мора“ беше најдрагоцениот тв проект кој се случил на пошироките наши простори.

Милан Тарот разбива магија како јајце

Некој грев од Бугојно му се јавува на Милан Тарот, најголемиот балкански трол на овие простори и драгоцен потсетник со кого ние сè живееме на овие простори. Да му разбиел магија. Чарето е шест пати да повтори „Јас сум Тарзан, господар на џунглата“а после две живи јајца да си ги скрши од глава. Што бе не?

Еве го вицот, еве го човекот!

Го немавме видено/чуено подолго време па малку се замисливме да не го има спакувано пандемијата и него, човекот за кој рековме дека треба да живее 100 години. Сарајлијата кој едвај чека да го чуе крајот на вицот. Вицот кој самиот го раскажува. Само чујте, прејак виц.