Балканштина

Констракта на ромска свадба

Чујте ја ви оваа постмодернистичка делиција. Српскиот евровизиски адут, Ин корпоре сано, за сваќи, сватови и торта сечење! Права уметност знае да предизвика вакви омажи. Ако не сте расположени, само кажете си дека не постои работа која овде нема да ја просељат.

Сè што треба да знаете за реалните шоуа

Мики Ѓуричиќ е ветеран во српските реални шоуа, од првиот нивен Биг брадер па до останатите Фарми, Задруги и слични пребивалишта на битанги, дрољи и сличен полусвет. Мики прозборува не само за учесниците во таквите шоуа туку за единственото нешто што е побетер од нив, оние што ги гледаат. 

Оној Вучиќ е ненадјебив

Пак им излезе од фрижидер, што е своевидно маркетинг аикидо, техника на користење на силата на противникот за своја победа. Им ја одзема финтата со која најчесто го ругаа (дека е офтика и дека нема усул за појавување во медиуми) и сега со што да го пукаат? Но, не е само тоа. Тек песна една за него да чуете. 

Србија има свој Коперфилд

Политичар кој малку од малку држи до својот образ, на гласачите би им порачал дека дури и да победи, треба да знаат дека тој нема волшебно стапче за веднаш да ги реши работите. Кој бе нема? Бошко Обрадовиќ, Двери, Србија.

Бугарски ПР за Русија

Некаде во Белгија, се среќаваат украински и бугарски шофер на камион. Се заџапуваат за актуелната ситуација во Украина. Полнат бензин и се караат. Бугаринот многу лут и живописен лик, не попушта па тоа ти е. 

„Три пати амин“ е за шмизли

Нели тоа трипати амин е дифолтно за целото православие? Не и за овој српски поп и собраните верници. Тие имаат поинаков поздрав за Кадиров. Може не е по стандарди ама им звучи некако - поударнички. Значи ова Србиве се чудесија.

Вучиќ од фрижидерот

Млада двојка која чека бебе гледа телевизија, таму нормално, Вучиќ. Девојката оди кон фрижидерот и вика: уште од фрижидер нема искочено. И од фрижидерот искача Вучиќ! И ќе помислиш дека е ова опозиционен спот, ама не бе, на Вучиќ е! Сосе најјакиот крај.