Балканштина

Попе, благословот да ти се позлати

Православен свештеник групно осветува детектори за метал (по непозната тарифа). Амин.

Така советуваше Жељко Малнар

Освен по неповторливите карактери, Ноќна мора (најдобриот ТВ производ во екс Ју во последните три децении) беше уникатна и заради односот кон гледачите. Без фолирање; вие мавате, ние маваме. „Да, ние сме морони, алкоси и лузери, ама што сте вие кои нè гледате во ниедно време?“ знаеше да им плесне Жељко Малнар. Или да даде ваков совет на дилемата Should I Stay or Should I Go?  

Најискрената брачна двојка на светот

Босански маж и жена, на стари години. Прво бабата ја прашуваат: Повторно да се родиш, дали повторно него би го избрала? Потоа истото прашање следува и за дедото. И двајцата одговараат апсолутно исто. Е, не, ќе се лажат после толку години поминати заедно.

Песна под пенџере

Хрватски навивачи под прозор на проститутките во Ротердам. Навивач може ливче во кладилница да утне, ама не да утне и во избор на песна. Што го знаеш, да беа наши, можеби ќе ја запееја химната на машкото алиби: „Ситна роса зароси, тивко ветре подувна, не можев да дојдам....