Балканштина

Српско автономно возило

Српската премиерка соопшти дека пред некое време ја издале првата дозвола за возило без возач, ниво три. Тоа е кога во возилото има возач, но тој не управува со командите на возилото. Ќе видите, имало такви модели и пред да биде издадена дозволата.

Со еден збор: Србија

Пратеник во српскиот парламент и лидер во една помала партија, го обвинува опозиционерот Милован Ѓилас дека крвнички го тепал неговото куче. Зошто Ѓилас крвнички би го тепал кучето на пратеникот? Затоа што кучето претходно го нападнало неговиот мисир.

Невидливите светови на Бошко Дрљиќ

Некои луѓе имаат привилегија да ги избираат животните битки кои ќе ги бијат. Не и Бошко, особено откако на пат го има пресретнато џиновската Нирдала, змијата на Апокалипсата. Фасцинантно филмче за еден од оние сè поретки уникатни ликови кои не се произведуваат конфекциски: Бошко Дрљиќ, учител на учителите, скалперист на пердето на заспаното човештво.

Која муза е одговорна за вакви стихови?

Во налет на ничим изазвани надежи, човек може да помисли дека, што го знаеш, и него може некој ден да го посети муза па од нигде никаде да напише некоја песна како Леонард Коен, како Вислава Шимборска, како Јехуда Амихај... Во никаков налет на лудило човек не може да помисли дека него музата може да го посети и да му ги дарува следниве стихови.