Балканштина

Мене ме убеди

Кога си харизматичен, уверлив, кога имаш што да кажеш и знаеш како тоа да го изведеш, кога те бива... едноставно - те бива!

Порноначелник на Зеница

Независниот кандидат за градоначалник на Зеница Мирад Хаџиахметовиќ е еден од оние живописни ликови кои  ги освежуваат стерилните изборни понуди во балканските вукојебини. Каков што беше Спанаќо кај нас или стариот Шеќеровски во Србија. Концептот на Мирад лесно се памти по неговиот сајт кој е поделен на два дела: дел за медиуми и дел со порно клипови.

Медиумско пакијетче

Читатели на Јутарњи лист и пар други хрватски весници и портали составиле добра збирка небулозни наслови кои се објавуваат во земјата во која пред да зацаруваат таблоидите, постоеа врвни новинарски производи.

Do they know it's bankruptcy time?

Во стилот на Band Aid, USA for Africa, Ју Рок мисија и сличните каузи, Хрвати решиле да направат песна за Словенија за која нејзиниот премиер неодамна призна дека се наоѓа пред банкрот. А на Балканот, комшија кога те теши, знаеш дека всушност сака да те нервира.

Репортажа од комшии

Тема - Роштиљијада. Прво - да ти дојде да го гризнеш мониторот. Второ - киша није успела да падне. Трето - ја отвора министер за образование. Четврто - Влатко Стефановски. Плус сериозно драматичен вовед - Десетици намерно предизвикани пожари кои никој не се труди да ги гаси.

Го знаете ли Џани?

Саша Џани Ќурчиќ е екс фудбалер на Партизан, Болтон и Астон Вила. 14 игри за репрезентацијата на Југославија. Желба да зборува - сто. Памет- нула. Чујте ја оваа негова халуциногена порака до "англоманијската Србија"

Јано мори

Не сме сигурни како мисли Србинката Јана да успее во силната меѓународната конкуренција на фитнес инструкторки. Ама да пробаме да побуткаме. По нас, Јана има две предности: 1. нуди вежби за едната рака па потоа и за другата рака (?)  2. продолжува да вежба дури и откако ќе заврши песна на Карлеуша.

Интелектуална Србија

Не дека и ние немаме тргнато во правец на општа естрадизација, ама, во интелектуална смисла, Србија секогаш ни бегала барем за едно деколте. Неколку фото примери од северниот интелектуален крем.