Класична реакција на балкански мажјак. Ќе се изнервира што не знае да ја поправи колата па ќе му биде крива жената и нејзиниот лаптоп. Мислиме дека се работи за едно блиско море кое името го добило по тоа што во него се фрлаат лаптопи. Црни.
Бизарното рокенрол и поп потекло на некои десетина турбо-фолк хитови. Кеба и Џеј од старт ќе ги фатите како касапеле, Цеца сте ја излижале од слушање не ви текнала.
Како и да стоиш со англискиот, кога спроти себе имаш еден напнат и упорно глуп грчки нивинар со задача да вергла Фиром - Македонија, предодреден си за чиста и убедлива победа. Црно и бело е сè, особено кога Гркот ќе те потсети на своето црнило. Well done!
Иха, ова тотално ќе ја збуни целата онаа пациентела која мисли дека сме србомани. Директно од нашата централа Белград, преку веб изданието на тиражниот тоалетоид Курир стигнува проценка дека off.net.mk е - бугарски сајт.
Смислија Питагорина теорема, Евклидова геометрија, демократија и узо. 20-тина века подоцна, спаднаа на ова. Не дека не беше очекувано грчката мрза да изроди баш ваков изум на кој ќе му дадеме бреговиќевски работен наслов: Кревет за венчавки и погреби. Е, не, ќе се преместува наваму - натаму.... а можеби е политички мотивирана направа: слушаш на вести колку му должиш на светот и се спремаш.
Не ни е најјасно што е разликата меѓу развод и поништување на брак, но, еве како тоа во Србија се аргументира, од перспектива на жена која е обвинета дека само се лицка и мицка, чиј маж премногу игра шах а нејзе ѝ се раѓа. Поништајчиќ и тачка!
Мајда е голем фан на Здраво Чолиќ. Од Бања Лука дошла до Зеница да го слушне "човекот на нејзиниот живот," но обезбедувањето не ја пуштило позади сцената. А Мајда е, како да ви кажеме... кога таа била млада, не постоеле ни април ни Београд.
Мирослав Алексиќ: работничката Ана, Пеца хакер, оштетена картичка, абортуси во стан, Ивица Дачиќ, украдени авиони во Загреб, филмови со Жан Клод Ван Дам, фала пријатно. Ништо не ви е јасно? Нормално.
Не може НАТО зликовци толку мостови да срушат колку што Србија може да ги изгради. Додуша, во Долно Власе не било ништо срушено ама тоа не му пречеше на еден локален политички неимар, со сечење лента и сите други предизборни салтанати да пушти во употреба грандиозно дело од цирка 7 метри.
Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Халид Бешлиќ Дачиќ, со мирнодопски глас и сценска самоувереност, изведува еден јак кафански хит. Пишете ни која песна би сакале македонската министерка да ја испее, па ние јавно ќе ја објавиме победничката желба. Ако не пробаме, како?
Кандидат за одборник на Лазаревац од ДСС (партија со урнебесно цветен изборен слоган - Различак) пробува да го искаже ставот на партијата за изместување на селските гробишта заради проширување на тамошниот рудник. И тој си се изнамачи и вие ќе си се изнамачите.