Балканштина

Смејте се, мајмуни едни

Кога ќе се просветли некој во нормална земја, обично му стануваат јасни категори како што се универзумот, вечноста, смислата на животот... На Балканите, просвeтлувањето е првенствено политичка категорија. Како изгледа и зборува човек со политичко трето око?  

Пливај јуначино

Подготовки за летни олимписки игри во зимски услови. Србија и Милорад.

Невено бре!

Па овие нашиве срцки биле, уште и ти се правдаат ако задоцнат со чистење улици. Ви ја претставуваме Невенка Бечиќ, сестра на Жељко Керум, горда сопственичка на Јованка Броз фризура, пратеничка во хрватскиот парламент и претседателка на градското собрание на Сплит.

Вуцо им зема глас на Обама и Ромни

Штурата политичка понуда на завршените американски избори, некој хрватски домољуб ја поправил со допишување на својот фаворит за претседател на САД, Синиша Вуцо. Како тоa мислите кој е Синиша Вуцо?

Vladimir, One of Us!

За да го добие вториот мандат, Барак Обама ишпарта илјадници километри низ Америка и списка над 850 милиони долари. На другата страна на светот, во српски Босилеград, Владимир Захариев го тера третиот градоначалнички мандат благодарејќи на незгасливата желба да игра по свадби (клип 1), магичните потези (клип 2), префинетите дегустаторски манири (клип 3) и цепањето на конкурентите (клип 4). Фризурата (клип 1, 2, 3 и 4) е бонус.

Родова рамноправност (треш верзија)

Невкусот е крунски доказ дека сите сме рамноправни. Загребавме по дното на балканската музичка каца и од таму извадивме два репрезентативни примерока. За мажите игра Хако Обиќ а звуците на жената ги доловува Душица Томашевиќ. Како на познати машки шовинисти, нам Хако ни е појак.

Драгане, буди се!

Лажен ама одличен разговор меѓу еден припадник на највеселиот народ на светот и неговиот личен банкар. Автор на скечот е истиот дечко кој се јавуваше во кабинетот на српскиот премиер

И кабинетот е човек

Дечко се јавува во кабинетот на српскиот премиер со предлог за пополнување на буџетскиот дефицит. Секретарот учтиво му ја објаснува процедурата за само неколку секунди потоа да биде навлечен да си запише пар резултати за спортска.

Клеопатра кај Пајо Кифлица

Прво беше Душко Илиќ, па потоа стана Душица Илиќ за на крај да се стабилизира како Клеопатра, балканска пророчица која смараше и на наши тв канали. Имаме видео снимка од средната фаза на оваа интелектуална и морална грамада.

Сублиминалните пораки на Екрем

Дури откако ќе се пушти наназад, хитот "Куча посо" го добива своето вистинско значење. Накратко, Екрем се жали на својата жена (Маца) дека го тера да оди на работа а тој попрво би играл чочек и би јадел лој од проја. А единствен пријател му е Митар, гастарбајтер од Сурдулица, со кого местат паркети по Њујорк. И ред други текстуални финеси.

Балкане мој

Некои советници од општина Куршумлија (Србија) никогаш не се јавувале за збор затоа што говорницата била висока 170 сантиметри. Па прилично ја скратиле ама тогаш се побуниле повисоките делегати бидејќи требало да се наведнуваат. Па имало многу предлози како овој проблем да се реши, меѓу другото и да се набави говорница со амортизери (?). За неверитис.