На паркинг слупал две коли, потоа продолжил во погрешна насока и се забил во трета. На самото место го начекува новинарка и го прашува што се случило. Типот е или битанга неосетна или е шаолин мајстор,
Генијалниот ум смислил начин како во секој дом да се воведе атмосфера на кино сала и притоа да се ужива во филмо во легната состојба (што сугерира и извесна црногорска вмешаност во ваквиот патент). Потребна е само кутија и таблет.
Ќе видите една сцена од духовен храм во нашето соседство од која ние искрено се посравмe од страв. Да не излезе стварно Сатаната и да не оплете некое ѓаволско колце или направи некоја друга шејтанска беља.
Образовно видео (веројатно некаде од 70-те) за тоа како треба да се однесува старешина на ЈНА. - Старешина кој е во униформа може да носи чанта или помал уредно спакуван пакет. Носење најлон кеса, макар и сиво-маслинеста боја не е дозволиво. - Иако ретко ќе наидеме на старешина кој шета со двете раце во џеб, многу се почести случаите на старешини кои едната рака ја чуваат во џеб. - Старешини не смеат да пушат на улица или во присуство на повозрасен без негово одобрување. - На воените лица изречно им е забрането автостопирање.
После Австралија, Русија и САД, еве ја и југословенската верзија на Топ Гиар. Прва епизода, три модели за тестирање: Југо 45, Застава 101, Фиат 750. "Ауто има и термостат."
Глупа заради проблемот кој мисли дека го има, наивна заради местото на кое бара одговор. Значи, имала таа секс со црнец и сега и е фуфка за долгорочните последици од тоа. Каде се обраќа? На интернет форум. Тоа се вика заслужен ремет.
Некогашниот словенечки претседател Милан Кучан одамна не е во политика. Но, на човек кој е форматиран така, малку му треба да си ги помеша профилите. Малку камери, малку микрофони и - Кучан си седна на совозачкото седиште, ко некад.
Животот ја имитира уметноста и имаме регионален видео доказ за тоа. Моментите на среќа и блаженство знаат да го преплават човек во неверојатни ситуации и поводи: да речеме, учествувате на протест против доселување Роми. Не? Да!
"Никој нема што Србинот има" е убитачното гесло на овој специфичен гастрономски фестивал во една српска вукојебина на кој се подготвуваат исклучиво специјалитети од "бели бубрези" на разни животни. Да ставиме во Типстер опклада кој македонски политичар има најмногу шанси да се појави на домашна верзија на ваков фестивал? Одиме со фотки за сладокусци и упатства за патување:
Моменталната ситуација во Бугарија е - Орешарски е на власт, Бојко не се согласува со тоа, плус народ гневен независно од сето ова. Снимката е денешна (12.11) и е од пред излезот од бугарскиот парламент. Малку народ, ама прави многу гужва. Посебно внимание - дечкото што скока по автомобилите.
"Синко, живота е като запек. Колку и ти да зап'ваш, ништо њама да излезе". Ова е рандом мудрост од една серија одлични анимации од Бугарија кои можат да се најдат на Јутјуб а со кои сакаме да ве запознаеме, колку да не дозволиме врската меѓу двете земји да се сведе на коминикеа од министерства за надворешни работи.