Две работи за тамошните избори. Прво, утврдено е дека вкупно 267 кандидати за кметови имаат соработувано со некогашната комунистичка тајна служба. Второ, тоа не значи дека изборната понуда е еднолична. Напротив. Многу напротив.
Во Сараево сè уште строго се држат до канонот дека бурек може да биде само со месо а сè друго е обична пита (со сирење, спанаќ или вотевер). Затоа, ако таму нарачате "бурек са сиром", можете да го добиете ова.
Пред некое време објавивме табла од туристичко место во Грција на која сите гости од комшиските земји се поздравени уредно освен Македонците, кои си останаа Скопјани. Но, не мина долго време по нашата објава за сензитивните и внимателни Грци да ја поправат таблата.
Пазете, Милан Младеновиќ и цела ЕКВ испоумреа, а овие ваквите се живи и се чини никогаш не биле појаки. Песна и спот во која сè е толку погрешно што нема утка.