Балканштина

Си немал Бугарот работа

Се наоѓаш на 2925 метри надморска височина, на врвот Мусала на планината Рила. И одеднаш ти текнува генијална и уникатна порака која сакаш да ја споделиш со целиот свет.

Дајте да ја увеземе жената

Од Србија е ама сигурни сме дека брзо ќе ги прилагoди нејзините реформски планови (економски, културни, интелектуални, интергалактички) и на наш терен. Е, да најверојатно ќе ни го промени името ама ако некој ни го менува, нека биде таа. Вака само оставаме оној Вучиќ да ја кочи.

Југо носталгија во 11 минути

Оние што растеле 70-тите или 80-тите години во некогашна Југославија, нека се сетат не нешто - на било што! - од своите рани години, ете го тоа во оваа видео компилација од лица, марки и спомени.

 

Аџиите од КП Дом Зеница

Збирка сведоштва од еден стар документарец за станарите на озлогласениот казнено поправен дом во екс Југославија, овековечен во стиховите на Забрањено пушење: "Ко преживи 12 година у КП Дому Зеница, тај је прави хаџија".

Манифест на провинцијалецот

Човек од бавната и мирна паланка Александровац, доаѓа во големиот, бучен, брз и урбан Белград. Започнува една тирада против нему неразбирливиот и непријателски начин на живот, која може да се прогласи за официјален манифест на "внатрешноста". Брилијантно етнолошко парче, од а до ш!

Или промаја или ние!

Од сите домашни непријатели од кои може да стрепи еден политичар, Србите дозволија во срцето на нивната демократија, во парламентот сред Белград, да им се всади најлошиот од сите нив. За нивна среќа, тие и понатаму имаат правдољубиви парламентарци кои не се плашат да му погледнат во очи на непријателот и да го поведат српскиот народ (или барем парламентарните служби) во борба против него.