Балканштина

Отец Покемоније

"За нив има место, за Покемони и Супермени, а за Господ бог нема место," огорчено ќе каже Отец Рафаило, заклучувајќи дека кај денешната младина "не само што има место, туку има и интересирање," за она што според неговото согледување на верата и пазарот на апликации е "озбилна појава на демонски сили која им претходи на уште поозбилни".

Додека вие пушите, Бугарките си свиркаат

Значи стварно, да го знаевме тој бугарскиот, све на него ќе ви пишувавме. До толку е драгоцен кога на некоја и онака урнебесна ствар ѝ дава „додадена вредност“. Ама јер сме трупови, ќе мора со копи-пејст. Насловот гласи: „15 умопомрачителни факта за свирката и жените!“ (точката 9 е рикање). Пазете, за една иста работа, ние викаме „пушење“ (хммм...) а тие викаат „свирка“ (ммм....). Сфаќате ли која разлика во „уметнички дојам“ е тоа? 

Самоук градоначалник

„Играм ора, пијам, држам говори, сè работам!“, вака со свои зборови гласи описот на работните обврски на првиот човек на српската општина Босилеград. Кога не прави ништо од тоа, оди по општината и ги љуби вработените. Репортажа за Владимир Захариев.

Кафка да го чуе ова и пак да си умре

Да го погледнат ова видео сите кои веруваат дека на Балканот некогаш - кога било! - може да се фати концептот за правна процедура, прецизен катастар, информациска прегледност, ма што и да е! Значи вака, треба да се дели некоја стара воденица и дел од засегнатите ја објаснуваат ситуацијата и, кхм, структурата на имотот. Кој успее да разбере, му следуваат мининимум 20 драма! 

Што е 18-годишен Србин без Ламборџини?

Жената, инаку мајка на славеникот, Валентино, многу ненамерно на крај дава многу точна опсервација околу целата работа: "Oва се случува само еднаш во животот - ваков автомобил и вакво семејство."

Епидемија на МБК во Бугарија

Обраќањето е на д-р. Китодар Тодоров од Институтот за борба против болеста, кој со воочливо истренирана смиреност без желба за кревање паника посочува дека болеста е опасна и за мажи и за жени. Почетоците на оваа свирепа болест се некаде во 90-те, меѓутоа токму периодов болеста го достигнува својот бум. Еве што има д-р. Тодоров да каже.

Run, Nole, Run!

Двовалентен српски фрик бенд составен од Чедо (рмпалија со суканки и Путин на маица) и Гаги (џуџе) и нивната песна "Ноле император" со која го повикуваат нивниот тениски земјак да се врати во стариот крај. Ете зошто бевме против бомбардирањето на НАТО: ќе загинат невини луѓе а Чедо и Гаги ќе преживеат.