Балканштина

Црногорскиот Џим Морисон

Јес да се тотални клошари и шалабајзери, има тука некој шарм. Овој што го викаме Морисон е уствари Декстер, вториот е Стејси Фикс а третиот - Филип Ќировиќ.

Југословенска „Tоп тема“

Одлична словенечка емисија за последното претседателство на СФРЈ. Гости: Тупурко, Месиќ и Богиќ Богичевиќ. Многу интересни детали за драматичните моменти од функционирањето на тоа подржи-потегни тело на кое му се падна да ја изгаси сијалицата. Штета, да беше и оној балван Борисав Јовиќ, емисијата ќе беше уште поинтересна. Ќе гунѓаше и ќе дигаше веѓи, а Сејдо Бајрамовиќ ќе климаше со глава. Какви ликови беа тоа!

Босанско хорор лето

Преработка на Summertime од босанката Хана Ковачевиќ. "Знам дека сум чудна. Извинете што не гледам во камерата бидејќи го следам текстот на друг монитор. п.с. намалете тон, има врескање. п.п.с. на крајот скроз зезнав", наведува Хана во описот на клипот.
п.с Хана е самокритична.
п.п.с. Хана е премалку самокритична.

Омразата е штетна по здравјето

Ниедна балканска трагегија не е завршена, туку само паузирана. Таков впечаток добива човек кога ќе види колку лесно Србија и Хрватска пак влегуваат во истата песна, песна за која Босна редовно ги плаќа крвавите авторски права. Босанскиот рапер Френки има еден очајнички предлог како луѓето да не заборават низ што минаа пред четврт век. 

Србовање

15 минутна видео компилација од урнебесни небулози на српски политичари. Кој лик е Дачиќ! Кој лик е Тома гробар!

На работ на утрото

Сè што немавте поим дека сакате да го дознаете за вонземјани и како они се кријат меѓу нас, презентирано од гостинка во српска утринска програма. Во која професија има најмногу вонземјани? Меѓу келнерите (ако некогаш не ви беше јасно како можат да трпат толку луѓе, посебно пијани).

Сакаме избори

Не за да ги слушаме бескрајните цифри на вмрото („толку и толку ролни тоалет хартија што не беа во програмата ама ги дадовме...“), не за да ја слушаме бескрајната немерливост на сдсмот („ќе си ја вратиме слободата, ќе си ја вратиме државата...“).

Онаму кај што застанаа Караџиќ и Изетбеговиќ

На истото место и на истата тема продолжуваат две повозрасни жени (засега анонимни додека некој од нивните табори не ги прогласи за хероини). Сараево, трамвај, кој се крсти и кој е болниот.... Крај нема оваа приказна.

Каква публика, таков репертоар

Ја нема таа дрога што ова ќе ви го објасни. Среде Белград, група Казахстанци на Тома Николиќ и Нурсултан Назарбаев им ја пеат најлудата песна на Мирослав Илиќ - „Луцкаста си ти, такав сам и ја“. Првиот коментар на Јутјуб гласи: Шта је ово који курац мој? Баш така.