Балканштина

Хаос по гејмерот

Се сеќавате како битолски клинци трчаа како без глава надевајќи се дека ќе ги огрее ведриот лик на Кајмаковски? Одиме скалило подолу.

Хашки наравоученија

Српскиот радикал и говнојадец мина 12 години во хашката зандана и на крај успеа да ја надмудри цела таа помпезна скаламерија од обвинители (со перики) и судии (со катетери) и да биде прогласен за невин. Но, еднаш во Хаг, секогаш во Хаг, па Шешељ сега има предлог за темелни реформи на трибуналот.

Говорете лесковачки

"Време мрчкаво. Купимо леб, саламу, ракију, пиво и одомо у шуму. Погодимо се за четири ара по шеесетпет марке и почемо ги трупимо..." Заебете национална гордост, овој лесковачки треба да биде службен јазик на Обединетите нации.

MME кој прв не почна

Двајцава треба под итно да се најдат и да се истребат (иселат) од овие простори, инаку слободно сметајте дека ќе го расипат Балканот и за нас и за следните генерации. Ако реагираме со време, вакви грешки во матриксот никогаш нема да се повторат.

25 години од падот на Вуковар

После 87 дневна опсада и жестоко гранатирање, хрватскиот град Вуковар пред четвртина век падна во рацете на тогаш веќе про-српската ЈНА и паравоените единици на чело со Аркан и слична багра. "Ова усташко упориште конечно е ослободено", гласеше другата верзија. Денес сликите од тој ужас изгледаат комплетно нереално, како да е неможно ова да се случи тука некаде, во близина.....

Доналд Шешељ и Војислав Трамп

Каков трол е овој. Шешељ во парламент од мобилен им пушта српска песна за Трамп. Ок, не се шокираме ние така лесно од политичките групирања на Балканот.

Локални избори

- Колку време чекате да се асфалтира улицата?
- Сè на сè, 300 години.

Словенец, ај глеј си работата

Сакајќи на хумористичен начин да си играат со стереотипите за бившите ју народи, во овој очаен обид за римејк на Топ листа надреалиста, се потврдува барем еден стереотип: дека Словенец и хумор не одат заедно.

Генерациски дијалог на денот

Се разбира дека е нормално младите да се понапредни и на возрасните да им замераат за некои лоши навики кои си ги тегнат со нив. Особено ако се работи за здравје, здрав живот, цигари итн. Ама па и на вториве не им се исушил мозокот од цигарите.