Балканштина

Бугарка во ИТ неволја

Девојче од нашиот исток има проблем со компјутерот. На една партиција ѝ оставиле само 100 гига а нејзе и требаат барем 500 за нејзините клипови. Ова е сосема доволно за да посакате да ѝ помогнете. Тек кога ќе го сослушате проблемот на милозвучниот бугарски јазик. А најтек кога ќе видите кој го има проблемот и за какви клипови веројатно помагате.

За милион (и кусур) години

Преработка на југословенската песна за помош на гладните од Африка и воедно мета заебанција на сметка на познатите кога загрижено пеат за некоја благородна кауза. Одлично срочено.

Како изгледа градски новогодишен дочек од 20.000 евра?

Во Србија десетина градови ги послушаа апелите и петициите да ги откажат новогодишните прослави и парите да ги пренаменат во хуманитарни цели. Краљево не. Градионачалникот решил да оди со првичниот план и да одвои 20.000 евра за општонароден дочек на Новата година. И тоа изгледаше вака:

Сараевски реакции на пар-непар

Од лепење карта џокер на крајот на табличката, преку универзалното нумеричко речение "Атиф" па до слоганот: "Не е паааа, туку е непааа".

Овде сите пијат, и Турци и кметови, и православни и католици, и свештеници од сите три вери

Ф А С Ц И Н А Н Т Н O  писмо на еден католички фратар што во 19 век подига самостан во близина на Бања Лука. Урнебесно сведоштво за погубното влијание на шливовицата, како и за вековната недоверба кон водата кај овдешното население. Ах, што ги сакаме овие паралелни истории!

Песната што Тито ја забрани за луѓе да не се самоубиваат

Легендата вели дека во 50-тите години Тито забранува песна на еден дечко од Крагуевац бидејќи многумина дигнале рака на себе кога ја слушнале „најтажната песна на сите времиња“. Во легендата ама ич не веруваме, ама па што фали да ве тестираме?

Махер на (ш)колото

Кога тргнуваше во прво одделение, малиот рече дека од училиштето очекува „глупости и досада“. Што прави денеска?

Шампионите на Босна

"Со патриотски набој, браќа ѝ посакуваат на Босна пат во Европа". Толку може на писмено да се извади од оваа приказна. Сè друго, не се раскажува.

Отворено писмо до говнарите

Јас би сите заедно да зинеме,
и кажеме - нема за вас веќе да гинеме,
па за навек да ги закопаме чакиите,
и да се збереме околу мезињата и ракиите.