Балканштина

Лажната хрватска принцеза и американските медиуми

1991 година, почнува српско-хрватскиот воен пичвајз. Ненадејното внимание на американските медиуми кон овој простор го искористува извесна лепенка Сузана Радиќ, претставувајќи им се како Сузана Франкипане Анжу Торкватус фон Радиќ, хрватска принцеза и последна жива фиданка од старата кралска лоза. Да ги видите вие тие аристократски кукурек шишки, тие благороднички чатма веѓи, таа ројалски суптилна шминка. Браво ма Суска! 

Бугарска рецензија за „50 нијанси“

Согласно нашата уредувачка политика и лингвистички фетиши, филмската рецензија „50 нијанси поглупо од машка гледна точка: Анастасија и Кристијан отаде логиката“ ја пренесуваме во оригинал. Кој ве ебе, ние сме за тројазичност.

Бугарскиот Роџер

Замокот Равадиново веројатно е единствениот замок во Европа изграден комплетно од еден единствен човек. Цели 20 години го пустел и штурел. Зошто? Еми, за да остане нешто.

Слобо, човек и гласови

Кањон колку Морача зјае меѓу неговата желба за пеење и способноста да го прави тоа. Се вика Слобо Пјешчиќ и важи за најдобриот машки и женски вокал во Црна Гора.

Учиме бугарски

Почнуваме да го реализираме нашиот завет (објаснето ви е овде) дека еднаш мора да го научиме бугарскиот за да знаеме да зборуваме на тој чудесен јазик за кој не знаеш дали те заебава или е озбилен. Првата лекција е текстот кој на нашки сувопарно би гласел "Дневникот на еден маж". Кој сака да ни се придружи во таа мисија, ајде! Заповядайте, няма да съжалявате!