Искрено, не може да му се изначитаме на сајтов откако го откривме пред некој ден. Српски е, се вика Зона на самракот, и се води како - црн таблоид што ќе го прочитате во еден здив. Новинарски, комплетно професионално сработен, со структура на вест, со вовед, со извори, јасен, концизен, со ликови, со тензија во приказната, со сè за да ја личи веста како што треба, и во таа смисла многу поквалитетен од многу работи што ги читате на нет.