Оваа академија претставува концепт на едногодишна серија на пет семинари водени од врвни обучувачи од македонскиот корпоративен и академски свет како и експерти и претприемачи од САД. Темите на петте семинари ќе бидат од областа на кариерниот менаџмент, бизнис моделирањето, трговското право, претприемништвото, финансиите и менаџментот на малите и средните претпријатија.
Основната цел на академијата е да им помогне да учесниците, алумнистите да ги развијат нивните иновативни идеи во реални нови бизниси или можеби иновации во веќе постоечки бизниси во Македонија. Оваа цел пред сé ќе биде постигната преку воспоставување на менторски врски помеѓу врвни менаџери од бизнис секторот во Македонија и нашите 30 учесници. Предавањата ќе бидат одржувани на Македонски, Англиски и Албански јазик. Апликантите треба да бидат на возраст од 19 до 26 години. Учеството на програмата Work & Travel ќе се смета за предност при процесот на селекција.
Целосниот конкурс можете да го најдете тука
Сите кандидати заинтересирани да учествуваат на академијата треба да пополнат online апликација најдоцна до 25 октомври. Апликацијата може да биде пополнети на сите три јазика.
Најдобрите кандидати од првата фаза ќе бидат контактирани и поканети на усно интервју. Селекцијата ќе биде направена врз основа на испратената иновативна идеја, личните остварувања како и академските постигнувања. При селекцијата ќе се внимава на половата, етничката и регионалната застапеност.
(комерцијален текст)