@jocoska
Мала криза и никој више нема проблем со глутен.
@jocoska
@LepceSoSalamce
Пред некоја година им беше смешно, забавно и интересно да се пишуваат твитови, постови, фб, герила акции. . . Сега атмосферата е траорна, без разлика колку и да е тешка глупоста. Така е затоа што ја загубивме државата, и тоа сите го осеќаме.
@LepceSoSalamce
@IvonaIvanoska
Им се смее, оделе Германија, работеле во Mекдоналдс, вртеле бургери. Тие ќе се снајдат, не им го бери гајлето, ти што ќе правиш утре мајка ти кога нема да има да ти даде 110 за малборо тач.
@IvonaIvanoska
@arkenstone30
Влага 32 годишен дечко во маркет, му рекле да купи кромид една главица, наместо кромид зема лук...сакам да кажам, дечкото поима нема што е кромид а што е лук на јебени 32 години.
@arkenstone30
@Jovanowsky
Плочникот пред ГТЦ ќе биде готов пред избори. Нови гасни автобуси за Јсп ќе стигнат пред избори. Платите на армијата, здравствените работници и учителите се покачуваат од април, пред избори. Може ќе влеземе во Нато во март, пред избори.
Живееме и работиме само за избори.
@Jovanowsky
@ArsZek
Законот ќе помине. Кримосите од 3-те партии ќе слават, заштитени од Брнс, Жбогар, Геловеј. Тоа не е најлошото. Полошо е што токму кримосите и Брнс, Жбогар, Геловеј после 4-5 месеци ќе утврдуваат дека се претерало и дека јавноста не реагирала на време. Млади, селете се, бегајте.
@ArsZek
@apasiev
Сонував дека испаднал Жбогар на прес и рекол:
- Не е европски да менувате Изборен законик на ден пред распишување избори!
И тогаш се разбудив.
@apasiev
@A_Golejska
Го разбирам Георги Господинов кога сака да пишува за тажната колона, онаа во која ниту плачат ниту се смеат, туку нешто чекаат.
@A_Golejska
@Strumfot
Спиев по другари баба ми коа ги сушеше јувките за вие сеа таљатели да ги викате.
@Strumfot
@Brappbrap
ЦРНА КУТИЈА, име на единствениот трезен во друштвото.
@Brappbrap
@ProblemByMe
Имам работа од соништата и колешка од кошмарите.
@ProblemByMe
@Nikola_Dimcev
Не се дочитуваат срањава у земјава.
@Nikola_Dimcev
@Marie_HotCat
Му викам на маж ми дека сум дебела, тој на тоа ми одговара - нема врска имаш добра душа. Да го рокнам сега или да почекам да заспие? Совети? Искуства?
@Marie_HotCat
@the_Belja
- Дете дај бе и две чаши вода со ракиите да му ебам мамицата...
- Само флаширана имаме...
- А садовите со флаширана вода ли ги миете?
@the_Belja
@Goran_Man
Дала донација од 25.000 евра и позајмица од 8.000 евра. Лила е банкарот!
@Goran_Man
@NemozaPojke
Си купив врело парче пица, кашкавалот ми се залепе на непца, мафтам низ пекара со рацеве, едно дете му викат на мајка му, види мамо дебелиов чичко сакат да летнит. Еее мајката да ти ебам.
@NemozaPojke
@EmilijanoJ
Умира Христијанин.
Стига кај Буда.
Тишина.
Ќути Христијанинот.
Ќути Буда.
По некое време, Буда му се врти и му вели:
- Малку незгодничко сега, а?
@EmilijanoJ
(Replying to @VStevk)
@VStevk
Умира Атеист.
Стига кај Св. Петар.
Тишина.
Ќути Атеистот.
Ќути Св. Петар.
По некое време, Св. Петар му се врти и му вели:
- Малку незгодничко сега, а?
@VStevk
@DomakjinChoek
Сите сме испопалени, поделени, раскарани, а нештата се во основа толку прости:
- Во Нато ќе нè бутнеа и ние да не сакавме.
- ЕУ нема да ја видиме, барем не ваква и не за минимум 15-20 години.
- Преспански, промена на име итн, е приватен проект на една шака лопови.
@DomakjinChoek
@Ibe_Palikukja
Да бидам искрена, многу ѓубре и јас имам увезено. Директно од Али експрес.
@Ibe_Palikukja
@Vlatko100janosk
Да сум сега Курто Дудуш, ќе појдам и ќе ја шамарам цела општинска администрација. Онака, од досада.
@Vlatko100janosk
@SarcasmMother
Луѓето се згрижени каква планета им оставаме на децата, а уво не ги заболе за тоа какви деца ѝ оставаме на нашата планета.
@SarcasmMother
@Pat1entHater
Не играјте со 4 годишни деца "на буквата". Ќе погодуеш саат време нешто шо се јаде на буквата К и ќе испадне на крај "комфрит".
@Pat1entHater
@EZnightrider
Кој сака да се кладиме дека на Трамп пасвордот за лансирање на нуклеарките му е четири нули.
@EZnightrider