@DjuraStotiga
Што се однесува до празниците, само кучето не го изедовме.
@DjuraStotiga
@LepceSoSalamce
Ако палење огнови за Бадник ви е пагански, што ви е праќање војници во Авганистан?
@LepceSoSalamce
@KibbleD9
Мило ми е што гледам колку народ синоќа имало на плоштад и уживало во Дино Мерлин. Изгледа вистински погодок. Само што сега уште повеќе ми е јасно во каков стејт оф мајнд е македончето и дека никогаш нема да го биде.
@KibbleD9
@branchella
Конечно сфатив дека женското “Готова сум за 5 минути” е исто со машкото “Си доаѓам за 5 минути”.
@branchella
@tome_corner
Скопје:
Град со највеќе празни дуќани низ најстрогиот центар.
Град со највеќе кладилници, казина, коцкарници на цела територија.
Град до највише банки, експозитури, заложувалници.
Град без кабаре, без џез клуб.
Скопје, град на очај.
@tome_corner
@pragmatique16
- Ја знаеш Лидија?
- Која Лидија?
- Ја знаеш бе, сигурно.
@pragmatique16
@DedaPilos
Абе и порано си гореа луѓето гуми, ама Сава брате, и нормално си дишевме. Сеа со овие кинескиве, нè отрувте значи.
@DedaPilos
@JasnaKoteska
Британија заминува од ЕУ. Франција и Германија се согласија, идеолошки ќе води Франција, монетарно Германија. А ние? Ние со Заев-Димитров, во само неколку месеци пред распад на ЕУ се откажевме од државотворна нација, која се чуваше 70 години. За ова зборам 2 години. Да. Ние сме лудаци.
@JasnaKoteska
@Goce_Macedonian
Само малоумните изроди октроирани на власт во жална Македонија и нивните поддржувачи веруваат дека со понижувачките т.н. договори ги одоброволиле Бугарија и Грција да престанат со наци-шовинизмот и да имаат нормален, добрососедски однос спрема нас.
@Goce_Macedonian
@kkulavkova
Законот за јазици на ДУИ/СДСМ не гарантира ни едно општество за сите, ни мир, ни напредок. Напротив, со него општеството е фрагментирано, Македонците се дискриминирани, институциите се неефикасни, буџетот е оптоварен, револтот е голем, регресираме, нема разбирање по ниедна основа.
@kkulavkova
@Rub_Mur
Кажаа Не на својот сопствен народ. Зарем тешко ќе им биде и на некоја си таму венецијанска комисија да и речат Не?
@Rub_Mur
@evulmatzee
Бутнаа режим со пенкало и сега со истото пенкало на сите ни цртаат курови по фаца.
@evulmatzee
@gaz_oza
- Мини матурант
- Полуматурант
- Матурант
- Апсолвент
- Магистер
- Доктор на науки
- Келнер
- Шанкер
- Асистент на продажба
- Бугарин
@gaz_oza
@AveCeaser
Прво имав пациенти растени со ајвар благо сирење и чварки, сега ми се со чиа, вегани, јога и внатрешен мир. И не знам како да ви кажам, ама болеста НЕ БИРА. И да го живеете животот по книга не би-ра, џабе се правдате на себе и светот и џабе се откажувате од јадења ради висока цел.
@AveCeaser
@Zlatna_Kniga
Организираш племенски собир?
Во Златна Книга контакт од МНТ.
@Zlatna_Kniga
@Shisharka_
Замислете како е да си високообразована личност која рмба, зема просечна плата, мора да живее во друг град, да плаќа кирија, сметки, даноци и претседателот, којa цел живот нема станато од државна фотелја, да рече дека да не е претседател би се иселил. Се осеќаш ко гомно. Буквално.
@Shisharka_
@ArsZek
Печени сме за државен удар, среќа наша што немаме држава.
@ArsZek
@LepceSoSalamce
Киро Глигоров: Македонија е сè што имаме.
Стево Пендароски: Да не бев претседател, ќе се исселев.
Каде паднавме, страшно.
@LepceSoSalamce
@drugdjura
Жал ми е за овие евро-фанатициве... Јебо те, 20 години да се палиш на ЕУ? И после да добиеш Унија со Албанија?! Тоа е слично како оној кој преку интернет нарачал „препарат за зголемување на пенисот“. А овие му пратиле лупа.
@drugdjura
@Ibe_Palikukja
Во мак. јазик треба да се воведе и брачна форма на еднина:
- Заклучивме?
- Изгаснавме светла?
- Ја исклучивме климата?
- Купивме леб?
Дефиниција: форма на пасивна множина, каде што едниот партнер ги прави сите дејства, но го вклучува и партнерот за да не се чувствува запоставен.
@Ibe_Palikukja
@Neznajach
За да размислуваш надвор од кутијата треба прво да имаш кутија.
@Neznajach
@Rosoklija
За Заев и Шеќеринска во кои има траги на самочувствие без основа, имам едно прашање. Дали на крајот на вашето диригирано владеење, тоа што го добивте, вредеше за татковината која сите ја загубивме? За Димитров немам прашања, во него нема вредост ниту има траги од морал.
@Rosoklija
@I_TheThing
Тропнал лебот на врата кај пензионерот и го прашал:
- Стари, зошто си го пипал брат ми?!
@I_TheThing
@ArsZek
Памтете, пред лани се каравме дали во ЕУ ќе влеземе во 2025 или порано. Тоа беше идеjа на Јункер. Пред година тврдеа дека Преспа е лек за сè. Дека Катица е светица. Дека НАТО носи пари. Дека имаме датум. Затоа, не е проблем иницијативата Шенген. Проблем е како ќе се распадне.
@ArsZek
@saso_arsov
Секое утро гледам по 50-60 луѓе како одат кон германската амбасада. Од цела Македонија. Сигурно се распрашуваат за новите станови во Кисела Вода.
@saso_arsov