На промотивниот ден, за забавата во градот ќе се погрижат музичките групи Суперхикс и Љубојна, а за сите свои посетители Крушево ќе понуди богата туристичка програма испонета со гурмански специјалитети и традиционална храна. Денот ќе биде зачинет со адреналинска авантура и летање со параглајдер, фолкорна програма, возење и пешачење по обележани планински патеки и уште многу други културни содржини.
За време на настанот, за прв пат досега, организирана ќе биде богата наградна игра во која најсреќните гости на денот ќе можат да освојат летања со параглајдер, викенди или вечери за двајца во неповторливиот амбиент на градот. Тикетите за учество во наградната игра можат да се купат преку продажната мрежа на Купи Карти за се или електронски преку веб страната www.kupikartizase.com.
Сите детали за програма на промотивниот ден можат да се најдат на веб страната www.pelagonijaregion.mk или нa фејсбук страната "Откриј го Крушево" https://www.facebook.com/events/670257773060003/?ref=22
Настанот е во организација на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, Проектот за експанзија на мали бизниси имплементиран од Карана Корпорација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РМ и Општина Крушево а неговата цел е да се промовира комплетната туристичка понуда на градот Крушево и да се претстават сите негови туристички потенцијали пред домашните и странските туристи.