Балканштина

Стигна Цедевита во селскиот кафиќ

Кафе Кобра, Шековиќи, Р. Српска, Босна и Херцеговина. Цедевитата можеби е слаба ама затоа може да се користи одново и одново. Наравоучение: кога нарачуваш пиво, секогаш си победник.

За бананата на Вучиќ

Бааги се изврте она видео во кое Александарт Вучиќ се одмерува со некој клинец на баскет и на крај му залепува банана. За фановите, тој потег ја симболизира неговата борбеност и непопустливост а другите тоа го видоа како сигнал колку е тој забеган па му се курчи на едно дете. Но, има и трета страна на приказната.

Каков филм би било ова!

Нема да ве тераме да читате долго сценарио на нешто кое ние со големи ќеифи би го гледале. Целата драматуршка поставеност на приказната и нејзиниот заплет ги собира во само еден твит и еден дополнителен коментар. Кустурицо, што чекаш?

Врати ми се Рамо ти, судбине смо исте ми

Муабет со воен ветеран од балкански профил, аџијата Рамо Синановиќ од село Забрќе (близу Зеница), роден 1925 година. Рамо е горд што пушка не испукал на противникот. Само топ. Многу топови. Што во име на партизани, што во име на СС-овската анџар дивизија.

Црна Гора има реклама!

Кога НАТО ја бомбардираше Србија, некаде во Црна Гора осамна графит: „Бомбардујте и нас, нијесмо ми шугави!“ Нешто од тој ураниум сепак фатил. Глејте ова колку е врх врхова!

Топ 5 од Видовитиот Милан

Иако ги нема некои од нашите фаворит моменти од Милан и неговата армија болесници, збирката е репрезентативно парче за суштинската фалинка на демократијата. Доаѓаат избори и на нив, и ти и оваа што поверува дека маж ѝ треба да пикне прст у дупе додека зјапа во постер од Снуп Доги Дог, имате исто, по еден глас.

А од песна не се бега

Си отишол во тешка туѓина, си ја оставил старата љубов зад себе и ти се собрал осој во душата. Ама барем си се нашол во земја на блузови во кои лесно се раствара сечиј очај.