Балканштина

Наместо годишен одмор, да се проба ова

Дечкото не оди на годишен одмор бидејќи нашол нешто што многу повеќе му врши работа. „Човек јаде, пие, баш психички одмори,“ вели гуруто за својата оаза. Многу квалитетен и промислен предлог.. Подобро да се проба додека уште е доброволно отколку кога ќе животот ќе те натера на тоа. 

Кој ти е дилерот, човеку?

Една жена не може да се начуди на оние кои (главно со државни пари) се импресионирани од напредокот па сака и она да проба така. 

Само вистина е дека топ тема му е пенкалото

Со оглед на тоа што македонските телевизии играат со еден те ист шпил свои гости, само прашање е на време кога и кој македонски водител ќе се одважи вака да даде до знаење што тоа најмногу го занима во текот на емисијата. 

Мрак на веќе видено

За жал, бевме прелажани да одгледаме уште еден сегмент од она дно „Брак на невидено“ кое го имавме пред некој ден, со оние двајца јадници (пекарката која продава пица). Овојпат со други двајца, скоцкано како ремикс со видео како „Приказе“ на Едо Маајка. Така е језивко што не можеме да го држиме во себе. Погледнете и вие, разводнете ни ја нелагодноста.

Чистење речно корито на Балканот

Една драгоцена видео снимка за тоа како дури и кога е нешто полно, балканскиот гениј може да смисли начин да претура од шупливо во празно.

Брак на невидено

Некој пишал, на мајка ми полесно ќе ѝ објаснам ако ме фати да гледам порно отколку да ѝ објаснам зошто го гледам ова. Немате идеја колку е тоа точно.

Политички активен Аца Лукас is the best Аца Лукас

Ќе беше смешно што Аца Лукас во борба против глобалните неправди му дава поддршка на Мадуро, ама смешното престана уште кога Димитров се почувствува доволно значајно за да се вмеша и да застане од кај Гуаидо.

Хрватски здравствен хорор

Од самит натпис на ординација, па до лекарот кој изгледа како излезен од лош скеч, сè зборува да бегате од таму. Но, таквиот доктор и не е главен јунак на оваа просторија. Чекајте да ја видите медицинската сестра.

Еден политичар, две октави

Кога ќе претера со обраќања, говоранции и обележување на своите успеси, политичар го губи и она малку добар глас што го има. Чујте ја оваа легенда како се злопати. Да беше електричен уред,  ќе мислевме дека негде му шмелцува масата.

Српска Коачела, прв ред

На митингот за поддршка на Александар Вучиќ и неговата СНС, за забавно-рекреативниот дел беа ангажирани Аца Лукас и Рибља Чорба (say no more). Детал од настапот на вториве, од првиот ред на хепенингот, место секогаш и секаде резервирано за најзагорените фанови. Напомена: митингот имаше наслов „Иднината на Србија“.

Србија има талент

Родители којзнае колку отсутни (или којзнае како присутни), земја на фарми, задруги и слични реални шоуа, на хартиени таблоиди и и онлајн тоалетоиди, земја во која се величаат аркани, гишки и слични пара-ликови... Таква комбинација, просто, не може да не даде резултат.