Имаме некое чувство дека веќе го имаме слушано и објавено овој вешт српски рапер но и јанѕа дека сме пробале да го закопаме длабоко во потсвеста. За да не ни ровари од таму, го вадиме на површина, за повторно да се соочиме со таа навала од мудри зборови и чудесно склопени рими.
Да речеме, одите по улица и некоја новинарска екипа ве застанува, ве прашува што би го прашале градоначалникот и ви тура микрофон пред муцка. Да, речеме, едно од можните мислења е ова:
На луѓе од солунското предградие Евосмос им прекипел карантинот па решиле да си направат своја невладина забава во маало, кој на улица, кој на балкон.. Нашата полиција не мора да стравува, нас уште масовно не болат нозете како се изжуркавме на оние концертите за НАТО.
Надлежен од Бања Лука се жали како луѓето не се свесни за сериозноста на ситуацијата. Вчера им било побарано да обезбедат ракија. Вчера за вчера. Денес имаaт друга - многу логична - нарачка.