Седат заедно во кола, ама секој во својот свет. Младиот ги кажува клучните зборови на својата генерација (сабскрајб, шер, лајк...), стариот решава да го појача она што го слушнал, со свои предлози. Последниот збор го има стариот.
Човек се јавува на радио преку етер да ѝ порача на својата драга дека ја сака (знае дека она слуша), да ѝ се извини што не се вртел дома поради деловни гужви ама дека е тргнат. Се јавува друг човек од истиот град.
На телевизиска настава, наставничката ги потсетува децата на скалата и ја отпејува, ама така фалш што корона на чекан и наковална се фаќа. Но, за зналци, не се родил таков фалш кој не може да биде облагороден со некоја џез хармонија. Алал.
Видео снимка од Ниш каде карантинската тишина се разбива со навивачко скандирање од балкони Вучиќ да оди да се лечи. Но, внатре во некои српски домови се одвива сосема поинаква драма.
Млади левичари од Грција кои имаат многу против НАТО а ништо против наша Македонија, со песна ги ребрачат Мицотакис и десничарите. Откако и ние влеговме во прекрасната Алијанса, останаа само мигрантите да се криви за проблемите на Гркот.
За да не ви даваме спојлери, за да не речете дека некои делови сме ги пренагласиле а други запоставиле, слушнете ја интегрално со свои уши жената од Чаковец, Хрвтаска. Ние ја слушаме на рипит, јер може баш ова е лајфсејвер, не?