Балканштина

Мала е оваа земја за толкава самобендисаност

„Како кој дојде до некоја диплома и прочита две книги (а и тие не ги прочитал како што треба), така почнува да ја презира својата земја“, вели српскиот филозоф Филип Грбиќ за автошовинизмот во блокот „блокадерска Србија“ коj протестира година ипол а не извади ниту едно социјално барање. Ама ќе си одат? „Да одите и да ни пишете кога либералните демократии ќе ве пречекаат со црвен килим,“ им порачува Јездиќ. 

Поздравете го Звонко Иван

Доколку не го поздравите Звонко Иван, Звонко Иван ќе се поздрави и сам. И потоа ќе ви го опише неговиот разработен план за пишување песни. Доколку не му успее еден ден, ќе пробува пак, СКОРО секој ден, додека не му успее. Кога ќе му успее, ќе ги закачи песните на разни платформи по што ќе замине на заслужен одмор кој ќе трае 10, 20, 30 до 33 дена. Ворен Бафет нема ваква агенда. Добровечер Звонко Иван.

Бар им е јасно

Шала, шала.

Црногорскиот Диоген

Потсетување на Урош Тошковиќ, еден од најдобрите и најавтентични уметници од Црна Гора, со три ликовни академии (последната во Франција). Почина пред шест години на 87 години живот а живееше аскетски, не додворувајќи се никому, ни со делата ни со животот. Не му пречеше што за околината важи за чудак. Ни за лудак. Ама ја знаеше разликата меѓу него и обичен лудак.