Почеток на курчење кое може да води кон улична/кафанска тепачка има свои препознатливи ритуали. Главата заканувачки ја цимаш напред-назад (ко гулаб) и поставуваш прашање на кое и не му треба одговор. Кај Србите, тоа е „шта је било?“, кај нас „што сакаш бе пичко?“ Да повежбаме.
Новинарска екипа трола плебс со прашањето што мислат за тоа што Александар Вучиќ решил, заради Сиријците, српските деца да мораат да учат арапски броеви! И да се покаже дека нема живот на Венера, ние би да пробаме.
Кристално јасна порака од бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов: Вие се согласивте да си го смените знамето, да си го смените името, што се правите мутави за историјата?
Домаќинот објаснува и покажува какви одлични услови им има овозможено на своите кокошки: широк двор, ограда, кокошарник, редовна храна.... И како тие знаат да му возвратат.
20 годишна хрватска „инфлуерсерка“ (инфлуенсерка обично е девојка со површни знаења и вештини а со вишок време која за прашање кое никој не ѝ го поставил, вика „Сите ме прашуваат...“) на ресторан од Пореч му понудила „компензација“: тие неа да ја угостат бесплатно а таа да го фотне тоа и да ги тагне на Инстаграм (тие тоа го викаат „интернет маркетинг)“. Аха, ок.