Балканштина

Лена, најмладиот бурек мајстор во Србија

Лена почнала да се плетка и да си игра со брашно и тесто на само пет години, кога почнала да прави ситно пециво. Тоа им е семејна традиција а татко и е бурекџија 30 години во Обреновац. Денес Лена има само 9 години а ги тенчи и ги врти тоа корите како вистински професионалец. На тие години, од вештините на Лена ние знаевме со чаша да притиснеме, за мајка да извади ванилици.

Сега е друг човек

Прашуваат затвореник дали кога би се нашол на слобода би ги повторил делата за кои е осуден. Вика дека не би, освен пљачкање банки. ОК. А пошто очигледно е осуден и за убиство, го прашуваат и за тоа. Вика, тоа не би го повторил... освен ако некој ме изнервира! Ете така. Нејасно е зошто ги викаат казнено-поправни домови кога п од поправање нема кај некои луѓе.    

Гледај ја сега будалата пред себе

Колекционер на уметнички дела ја раскажува неговата најскапа утка, кога некој постар човек со воена пензија, сам начкртал дузина минијатури и го убедил дека се дела на Пикасо за што овој му фукнал 138.000 евра. Но, самата приказна не е толку јака, колку што е сочно нејзиното раскажување на јадникот кој оправдано се смета насамарен како вол.