Балканштина

Јавување во живо на Зоне Замфирова

Дописничка на РТС од Врање се јавува и дава новогодишен извештај на свој јазик, тоест на јазик кој попрво ќе го разберат кумановци отколку белграѓани. Прешармантно.

Во денешните Бугари преовладува генот на Аспарух

ДНК од 900 етнички Бугари од цела држава била споредувана со генетски материјал стар три и повеќе илјади години. Ангел Глбов од БАН и Десислава Нешева од катедра за генетика велат: Бугарите се древни и немаат многу (генетска) врска со Словените. „Македоните, Илирите и Грците доаѓаат подоцна,“ ќе каже академикот. Македонска галантност: Ок, од Аспарух сте.

Паралелна Евровизија - Азил, Косово

Ова само проформа е (демек) косовски кандидат за Еуросонг. Мазно може сите во околина да ја преработиме и да направиме своја верзија, па по некое време да излезе нов документарец „Чија е таа песна?“

На Вучиќ му летна петлето

Првиот дел од изјавата на српскиот претстедател Алексанадр Вучиќ гласи: „Немаме право да уништуваме животи на поголем број луѓе...“ Дотука добро.

Под жарта сач, под сачот - ништо особено.

Прво почнале да пијат па отпосле некому му дошла идеја да стават месо под сач, да се гоштеваат ко богови кога ќе ги залути ракијата. Доаѓа моментот да се провери до кај е месото. „Куме, да го видиме тоа телешко!“, ќе го најави свечениот чин кумашинот.

Дијалог меѓу двете Србии

Едни го бустаат незадоволството против Вучиќ (Рио Тинто е само прокси), други преку свои медиуми (главно Пинк и Информер) ги бустаат приказните колку луѓе страдаат поради блокадите и колку не може да функционира секојдневниот живот. Дијалог меѓу тие двете Србии постои, и тој во моментов е во оваа фаза.  

Милица ја задимува огнената стихија

На утринска емисија на српска телевизија демонстрираат показна вежба колку е лесно да се угаси оган со ПП апарат. Мало оганче, пола метро. Задачата ја доверуваат на „просечна женска особа со просечна градба.“ Се вика Милица. Противпожарно наравоучение од акцијата на Милица: кај што има дим, има и оган.