Балканштина

Некако го разбираме

Продавница за бела техника во Сански мост. Доаѓа човек за рекламација на правосмукалка која ја купил таму. Бара или да му дадат друга или да му вратат пари. Бива одбиен по што му лепат платините и решава уредот сепак да го искористи. За да им го искрши дуќанот. „Сега викајте полиција, пичка ли ви материна лоповска!“

Март, тоа ви е во јуни

Мирсад Бурдалиќ е една лепенка какви обожава балканскиот интернет (и ние со него). Обично пере коли и притоа пее (со едно блеечко вибрато), но полека влегува и во големиот шоу бизнис па му се падна задача лично да најави една корида (?) кај Алдин Трети (??). Прашалници допрва следуваат околу датумот на настанот.

Бугаријо, еми това е

Мапа за најпознатата личност која ги имаат европските држави. Она што за Франција е Наполеон, за Македонија Александар... Се утепаа Бугарине од докажување кој сè Македонец е Бугарин и кој сè познат странец е со бугарско потекло, и на крајот сепак ги знаат вака, и ние и странци. 

Удри го (умерено) ближниот свој

Кога на литургија ќе ти се најават верници од агенција за обезбедување лица и имот па треба да ја прилагодиш божјата реч на нивното секојдневие. Само во Србија.

Резиме на босански воен ветеран

Има неопитни будалетини кои во мирнодопски услови често знаат да ги романтизираат војните како витешки периоди за изборување историски правдини. Тоа е особено лесно зад панцирите на нивните аватари, од безбедните ровови на забревтаните тастатури.

Кратко и јасно

Прашањето е кој е нaјдобриот подарок кој го има добиено за Свети Валентин. Одговорот не може да биде поискрен. Драгоцени се овие луѓе кои никогаш не се збунуваат или губат време во двоумење.