Балканштина

Српска верзија: Што е маж?

Не се работи за српски одговор на докумeнтарецот на Мат Вош „Што е жена“. Инсерт е од интервју на славниот новинар Теша Тешановиќ со некој возрасен балван од Србија (имал Теша и каца за гостин) кој објаснува какви параметри треба да има еден маж и нормално, не може да пропушти една мрсна а добронамерна пцовка кон соговорникот. Да чуеме.

Шумадиски телефонски пранкови

Му се јави, му најави дека му носи роба и начисто го изремети. Со оние шармантно погрешни падежи, со брилијантна техника на мрмљање за да не чуе соговорникот.... Има мајтапџии на светов, секоја чест.

На бугарски ОМВ

Моторџија доаѓа на бензиска пумпа но веднаш сфаќа дека со самото дигање на пиштолот (бугарски: пистолета), бројачникот веќе му отчукал извесна сума. На пумпаџијата му е јасно дека има некој проблем ама па доаѓа продавачката од внатре и вика: Ас ли да ги плаштам? Гледате, во Европа знае да биде исто како кај нас.

Младен Грдовиќ, пејач, алкос и редикул

Младен Грдовиќ од Задар речиси 40 години е присутен на хрватската пејачка сцена, но никогаш не е сам односно без својата беванда. Има направено толку многу пиздарии што е нејасно како уште го трпат и го ангажираат. Мал преглед на неговите малигански турнеи кој ќе го крунисаме со видео, за да видите како тоа изгледа на сцена. 

Што ќе ни е нам овој инцидент?

Гледаме каков хаос и пекол бил бракот меѓу Џони Деп и Амбер Херд. Ти ги мислиш уживаат во полна слава и општествен статус, а таму се серело по кревети. Од друга страна, Балканот имал поинакви методи за хармонизирање на машко-женските односи. Еве една филмска лекција за таква „разбирачка“, со разговор и дијалог на двете страни. 

Отиде, си еба мајката

Еве, седумнаесет пати - најмалку! - го гледавме овој клип кој трае само седум секунди и секој пат од тие седумнаесет пати, си го кажавме истото. Ова што го ставивме како наслов. Ај видете и вие.

Остај Земјата, што правиме кога мозокот е рамен?

Извесна пејачка Андреана Чекиќ (ја има на Википедија, јеботе) со фломастер и лист хартија, стручно, најстручно, објаснува зошто Земјата не може да е рамна. Оти носот на авионот не му понира кога лета! А и дека гравитација не постои. На Огњен, кој води треш емисии но е ок дечко, конечно му стана јасен стихот на Цеца „сузе падају нагоре“