Балканштина

Србија нема раат

Таман дојде време да помислат дека веќе се мапирани нивните регионални и светски душмани, баба ги потсетува Србите на оние кои имаат го извршено најголемиот геноцид врз српскиот народ. Една од оние изјави на кои човек му доаѓа да ја пушти уште еднаш, пошто неверитис.

Мудрец меѓу овците

По мудроста - Сократ, по дијапазонот на опсервациите - Жижек, по скромноста - Далај Лама, по питомоста и смиреноста - Ошо. Инаку, се вика Халим и е овчар.

Денот кога бугарските полицајци плачеа

Бугарската полиција во акција да спастри некакви анти-ваксерски демонстрации во Софија. Во еден момент, полицијата добива наредба да употреби солзавец. Во истиот момент, ветерот добива наредба да смени правец. Бугари немаат волку плачено откако Лепа Брена им откажуваше концерти без да објасни зошто.

Како Бугарија го менува човека

Еден Италијанец реши на ТикТок да покаже како се трансформирал во текот на својот престој во Бугарија. Месец дена и кусур и натурализирањето е комплетирано, човекот претопен во околината a Карло од Италија претворен во Жоро од Русе. Заебанција, нормално.

Шуќур, спомнаа Македонци

Можно е само да опипуваат како ќе реагира нивната јавност, но да ја нотираме оваа репортажа на најгледаната бугарска телевизија БТВ за бугарското погранично село Боровичене (некогаш 360 луѓе, денес само 40) во која се вели дека во селото заедно живеат Бугари и Македонци. „Преку ноќ, сите Македонци ги запишавме како Бугари. Едно момче нејќеше, го скршија од ќотек“, се сеќава на 1965 година баба Илинка.