Балканштина

Не дај се Алекс

Миќко Љубичиќ (Индексово радио позориште, Пљиж...) е урнебесно и барокно раскошно талентиран човек. Овојпат ја препеал прочуената „Не дај се, Инес“, го скинал Раде Шербеџија један кроз један и ја посветил поемата на Алекс, тоест Александар Вучиќ. Политички совршено избрусена порака за неприкосновениот владетел на Србија, „простачино и племиќу мој“. 

Вести од Србија

„Доктор Лаза Лазаревиќ“ е клиника за психијатриски болести во Белград.

Пакетче Несторовиќ на права музика

Уништени се 5.000 скелети од џинови, откриени се диносауруси кои блујат оган, космички портали, лек за карцином постои од 1944 година, Марсовци со сини очи кои се парат со овоземни женски, ни фалат илјада години, дијагностичките квалитети на краставиците... Добро, тоа сè е јасно, ама која е таа права музика? Генијален избор- темата од Твин пикс.

Исповед на борец од „Краишката гласачка“

Дечково ги ребрачи оние губитници на српските избори кои својот пораз исклучиво го гледаат во гласањето на лица од Република Српска. „Признава“ дека уште пролетта бил мобилизиран во тајните гласачки кампови за обука на гласачи, задолжиле молив и биле обучувани како и за кого да гласаат. Тој се паднал во „16-тата краишка гласачка гарава“ но бара да не се заборави ни „Дринскиот гласачки корпус“ и другите.

Постот како замена за штрајк со глад

Опозиционерката Мариника Тепиќ рече дека заедно со нејзиниот изборен соборец Мирослав Алексиќ започнуваат штрајк со глад во знак на протест против изборната кражба на владечката партија на Александар Вучиќ. Ама па на Алексиќ му е Свети Никола и мора да води сметка и за тоа, па рече дека ќе продолжи да пости, само построго.

Махер на колото: Доктор Несторовиќ

Листата на пулмологот  Несторовиќ е најголемото изненадување на српските избори. Стана познат во пандемијата, гостуваше по утрински емисии и подкасти, немаше некоја кампања па сепак, белградската власт сега зависи од него. Неговиот успех лузерите стандардно ќе го препишат на еден од овие два фактора: а) тој е производ на Вучиќ и б) за него гласаа небањатите.

Оди па разбери ја Србија

„Ова е личната карта, ДНК на овој несреќен народ“, се коментираат последните изборни резултати во Србија, во конкретниот пример на едно мало и безначајно српско село близу Младеновац кое неодамна, во мај годинава, беше завиено во црно. „Ова е доказ дека секој народ заслужува власт каква што има, и речиси секогаш и сè од она што му се случува“.

 

Мала етида за големата нужда

Мудри луѓе и народи, и во најмалите ситници ќе најдат доволно материјал за анализа и епифании. За оние кои брзо обавувале работа, некогаш се викало дека се вредни луѓе. Оние денес кои одат таму за да читаат, скролаат и пушат, ќе заборават зошто дошле и дали завршиле работа. Додуша, има тука нешто и во ергономските разлики меѓу чучавецот и шољата. Енивеј, пресмешен е брадоњата.

Загревање за нашите: Избори во Србија

Ќе помислите дека видео спот од жанрот политички маркетинг, со онаков кринџ дечко и онака дадена изборна понуда (ќе видите), мора да е анти-кампања или барем пародија. Ама не, Раде Баста (екс министер за економија и џудист) сериозно мисли дека ова ќе му донесе гласови. Најјако е што партијата му се вика „Движење за Европа“. Пазете на автобуската кога погледнува на саат.