Балканштина

На српски поп ако не му веруеш за астрономија, кому?

Една од полудите теории за обликот на Земјата и пошироко за вселената (која не постои). Директно од устата на еден од најповиканите авторитети на оваа тема: српски поп. Разбравме дека Земјата не е ни рамна ни тркалезна, туку е пола- пола. После кај тоа сводот малку се изгубивме.

Се продава куче, раса бугарски задушничар

На погреби се фаќа за душа наместо вас, се дига на две нозе, пали свеќа, обиколува слави, јаде месо сосе коски, се поздравува со газдата.... Додуша, цената му е малку висока, 1.200 евра. Овде бугарски кучиња за многу помалку пари се набавуваат, ама, тоа е друга приказна.

Млад, збунет, нормален

Анкета на некоја црногорска телевизија за тоа што мислат луѓето за новиот мандатар Миодраг Лекиќ. За среќа, наидуваат на млад човек. За уште повеќе среќа, се работи за млад човек кој студира политички науки, трета година. А после доаѓа удар на искреност.

Лаки го пее менито

Да беше роден во Франција, може ќе пееше за „биф бургињон“ или „киш лорен“. За среќа, Драгољуб Ристиќ Лаки е роден во Лесковац па му се падна полесно. Чевапчичи, уштипчичи. Стварно, оди ти опеј „карамелизирано суфле со чиа и фламбиран сос од редукција на цвекло.“

Детето и нашиот

Ви предлагаме видеото прво да го одгледате без звук за да видите колку луцидна а ефикасна идеја е тоа, а потоа да пуштете звук и уште еднаш да се уверите дека не постои добра идеја од која наш човек не може да се изнервира.