Балканштина

Тука некаде се, се заиграле

Група деца безгрижно си играат во белградскиот трговски центар Галерија (меѓу кулата Белград и мостот Газела). Татковците се отидени да пуштат ливче на спортска и после на по едно пиво, мамичките некаде пијат кафе и зборат какви сè ужасни ликови има во реалното шоу Задруга. Пардон, родителите 1 и родителите 2.    

Бреј, каков деген!

Гарантирано најголемиот скот кој поминал низ онаа и онака јадна емисија „Проводаџија“ во која демек спојуваат осамени срца. Ај што веројатно е пијан ама е неверојатно глуп, невоспитан и накратко - кретен! „Ѝ реков на телевизија Хепи да не ми праќа баби,“ ќе каже оваа сподоба пред жената која му дошла на состанок.

Што ако Никола Тесла беше оженет?

Борис Дежуловоќ во својот роман „Christkind“, мозгаше како човек би постапил кога би имал шанса да го убие Адолф Хитлер додека уште е мал (да, ќе направи тој бељи ама па, дете е бре!). Овде се разгледува една друга опција битна за човештвото. Како би изгледало кога генијот од Лика би имал жена? Скеч рамен на Топ листа надреалиста.

Зеленски допрва ќе види колку опасна улога игра

 - Колку е опасна улогата што ја игра вашиот колега Владимир Зеленски? ја прашуваат Светлана Цеца Бојковиќ. - Тој допрва ќе го види тоа, а и ние, оние кои ќе преживеат, вели српската актерка која за актерскиот капитал на украинскиот претседател вели дека е „срам за глумата“. И потсетува како него го опишуваше Ведрана Рудан (спојлер: куросвирец). Нормално, и двете се агентки на Путин.

Кратка (и курчевита) историја на Србите

Бог ја создаде Земјата и создаде народи разни, меѓу нив и Србите. И им кажа Бог на Србите: Вам ви даваме една специфична особина, нека биде тоа курчењето, а за да биде поинтересно, нека биде тоа курчење без никаква основа.

Кафански ушобол

Нејасно е што газдата очекува од ангажирањето на оваа сериозно раштимана Шемса. Да се зголеми прометот или бројот на самоубиства? Иако нема придружна група туку пее на матрица, не би изненадило ако еден ден и матрицата тргне по стапките на шанкерот и фати штрафта од таму.

Моје тројке падају на горе

Го прашуваат Лука Дончиќ што би сакал да слушне како музика на пауза на Ол Стар натпревар. - Мора ли американско? - Не, што сакаш, му враќаат. - Не ја знаете.... вика тој. Пред дубоко да се увредите и згрозите, да бидеме реални, Лајбах ли да ги нарача?