Балканштина

Говорите ли немски?

Фики и Бисер Кинг, со своите физички контрасти изгледаат како бугарски кастинг за Лени и Џорџ, ликовите од „Глувци и луѓе“ на Стајнбек. Едниот рмпалија, другиот сајла, ама се нашле, за да го споделат со светот своето познавање на германскиот јазик од кој главно ги знаат зборовите гутен таг (таг, таг...), шајзе и вундаба. Кога ги слушате, просторијата сама ви се претвора во концентрационен логор.

Легендарниот ТАМ 110

45 години откако Тито го нема, од Марибор (каде што се правеше ТАМ - Товарна автомобилов Марибор), преку Прибој (ФАП - Фабрика аутомобила Прибој) па до Скопје (Санос), нема кој да склепа такви јаки, доверливи, сигурни и ефикасни ѕверови од возила со кои се чистeшe снeг, се гаснеа пожари и се возеа луѓе а беа лесни за одржување. И попат неугодни за оној што се вози со нив.

Жената која ја хакнале езотеристи

Се фасцинираме од вакви ликови како неа, од нивниот настап и „контент“. Мртва-озбилна, одлучна, самоуверена, оваа жена објаснува дека е жртва на завера на езотеристи кои го злоупотребиле нејзиниот божествен & апсолутен ум. What? Сакате техникалии? Kога ќе им затреба некое нејзино знаење, тие се закачуваат на фреквенцијата на нејзиниот софтвер и го земаат она што им треба. Спојлер: Џабе им е. 

Ние со „Распеани скопјани“ па и добро пројдовме

Белград, студенти пред ЕТФ. Јаки протести, јаки перформанси.

Нема грди, има само сиромашни

Ајде да го премотаме филмот назад и да видиме од каква стартна позиција тргна фамозната Теа Таировиќ, денес една од најбомбастичните пеачки во Србија и регионот. Не сме виделе толку паметно и корисно потрошени пари на пластични операции. Теа не е оперирана, Теа е рециклирана.  

Србија после отказот за професорите

Претседателот Вучиќ и премиерот Вучевиќ малку играат „лош полицаец - добар полицаец“. Премиерот се закани дека просветните работници кои во второ полугодие ќе продолжат со бојкотот и нема да држат редовна настава, ќе добијат откази. Ден подоцна, Вучиќ ќе рече дека не е тоа добар пристап, дека со нив треба да се разговара.... Додека трае тој игроказ, веќе се замислува најавената иднина.