Балканштина

Како Американецот ја сотре српската вселенска програма

Во енциклопедијата на маалски теории на заговор за најразлични случувања на Балканот, оваа заслужува да има посебен том. Објавено е како ФБ коментар, ама ние чисто заради добро на Балканот сакаме да мислиме дека е спрдачина на авторот, а не сериозно бранет став по локални биртии и на клупа муабети.

Босанци играат фризби

Можеби и не се Босанци ама фризби секако е. Додуша расипано. Сцена од една плажа која ја покажува цела широчина на балканскиот дух. Дека играњето може да биде забавно дури и кога во раце се има очигледно неисправна играчка.

Kво остана от велика България?

Бугарскиот хип-хопер Спенс резимира како од големите сонови за Бугарија која излегува на три мориња земјата заврши како европско гето со елита од фолк пеачки и новинари со жолти наочари. С'што като кај нас.

Мојата дебела српска свадба

Драган Петровиќ е српски фотограф роден во 1958-ма. Фотографира за весници и магазини, а затоа што од тоа не се живее како што треба во последниве 30 години слика и свадби низ Србија. Веројатно најживописната збирка фотографии што се појавила на овие страници. Од што не може да се решиме која е подобра, ви лупнавме 80 слики за гледање.

Бугарија еколошка

Кој колку може...

Србија гласа

Компилацијата е од повеќе избори што се одржувале по Србија, и се гледа дека не станува збор за црна кампања или гнев кон конкретни избори, туку повеќе е еден став кој се пренесува од гласање на гласање.

Александар Вучиќ: Јас сум лажов

"Ќе ви ги покачам платите 20 посто за да ме сакате". Монтирано, лепено, креирано и додавано. Ама озбилно! Ама заебанција!

Исламот и спортските кладилници

Знаевме ние дека Исламот го забранува коцкањето ама не и дека на листата гревови, тоа е со поголем коефициент од, да речеме, јадењето свинско. И тоа по равенката: подобро пола кило свинско на ден отколку едно ливче во кладилница. А ние па бевме спремни да уплатиме стотче дека ... упс, шејтанот ни чука на врата.

Што е бодибилдинг?

ТВ Бачка, година непозната некоја околу 2010-та, новинар упорен ко пијан во Балет сака неговиот гостин пред цел народ да признае - што е тоа бодибилдинг. Разговорот оди вака:

Огин го гори бендот

Поновата балканска славеничка традиција е полна со ридикулни турбо фолк ритуали, но ова го немавме видено досега. Сценографија за песната "Сува дрва" при што музикантите ги глумат цепаниците од замисленото огниште! Ваљда е тоа поентата. Еден наш пријател од Србија викаше, "мало су нас бомбардовали колко је требало". Инаку, слават полнолетство, тоест влегување на една млада девојка во светот на возрасните :)

Босанецот и камилата

Босанец од Германија кој има слични презентерски афинитети како нашион битолчанец, Паљото. Овој плус има мерак за селфија и за Би Би Си, и решил на своите деца да им влее страв во коски дека камилите се опасни животни кои кинат глави. Пазете го колку ентузијазам има во него!

Кога зеленото ќе дојде на розово

Комплетен пичјваз од дебата на утринската програма на ТВ Пинк. Тема: легализација на марихуаната за медицински цели. Новинарката прогласува епп примирје, а по примирјето, гостите веќе се исфрлени од студио. Наравоучение: да беа надувани, ќе беа помирни.