Балканштина

Бурек е со месо

Во Сараево сè уште строго се држат до канонот дека бурек може да биде само со месо а сè друго е обична пита (со сирење, спанаќ или вотевер). Затоа, ако таму нарачате "бурек са сиром", можете да го добиете ова.

Грците ја поправија таблата за добредојде

Пред некое време објавивме табла од туристичко место во Грција на која сите гости од комшиските земји се поздравени уредно освен Македонците, кои си останаа Скопјани. Но, не мина долго време по нашата објава за сензитивните и внимателни Грци да ја поправат таблата.   

Содома и Гомора, српска верзија

Пазете, Милан Младеновиќ и цела ЕКВ испоумреа, а овие ваквите се живи и се чини никогаш не биле појаки. Песна и спот во која сè е толку погрешно што нема утка.

Две држави, един проблем

Комшиски добра вест за сеир: цел интернет им се смее на Бугарите за тоа колку им се бескорисни новите велосипедски патеки (за кои добиле пари од ЕУ). Самопоразувачка лоша вест: подобри им се од нашите.

Зошто пензионери шетаат со раце на газ

Белградска веб екипа пробува да открие што стои зад една од најголемите мистерии на светов, зошто пензионерите најчесто шетаат со рацете позади. Одговори и објаснувања има секакви, последниот ни се чини најблизок до вистината.

Колку труд треба за овој спот?

Ок, Ријана баш се потрудила да го привлече нашето внимание со последниот спот ама не дека и на овие простори нема уметници кои не штедат ни труд, ни време, ни пари ни идеи за да ни ја јако визуелизираат својата песна. Одиме значи со Кемал Маловчиќ, Јужни ветар и песната "Згодна, а сама" (јес!). Пазете, ова е понудено како официјален видео спот, ако налетате на некој друг, да знаете дека се работи за ефтин плагијат.

Женска луда фина, име и е Катерина

Катерина Муцацу живее и работи во Лос Ангелес (актерка, продуцент, писател) и е убава, згодна и на прв поглед, бааги луда Гркинка. Слушнете го нејзиниот хеленистички манифест еднаш, двапати, трипати.... колку што треба пати и пак ќе се прашате: Не, стварно - што уствари сака она? Ако го гледате како пародија, тогаш е пасент.