Да не прејудицираме, ама оваа песна ги има сите потребни аудио-текстуални малигани за да стане следната алкохолна химна на просторите на поранешна Југославија. Музиката малку влече накај Тома (Дотако сам) ама затоа текстот ги гаѓа сите битни поенти на темата и ја доловува природната драматургија, кога човек го сфаќа својот очај, разумно ги сумира последиците, знае дека ништо од тоа не му треба и носи одлука - дај уште една.