Балканштина

Југо носталгија во 11 минути

Оние што растеле 70-тите или 80-тите години во некогашна Југославија, нека се сетат не нешто - на било што! - од своите рани години, ете го тоа во оваа видео компилација од лица, марки и спомени.

 

Аџиите од КП Дом Зеница

Збирка сведоштва од еден стар документарец за станарите на озлогласениот казнено поправен дом во екс Југославија, овековечен во стиховите на Забрањено пушење: "Ко преживи 12 година у КП Дому Зеница, тај је прави хаџија".

Манифест на провинцијалецот

Човек од бавната и мирна паланка Александровац, доаѓа во големиот, бучен, брз и урбан Белград. Започнува една тирада против нему неразбирливиот и непријателски начин на живот, која може да се прогласи за официјален манифест на "внатрешноста". Брилијантно етнолошко парче, од а до ш!

Или промаја или ние!

Од сите домашни непријатели од кои може да стрепи еден политичар, Србите дозволија во срцето на нивната демократија, во парламентот сред Белград, да им се всади најлошиот од сите нив. За нивна среќа, тие и понатаму имаат правдољубиви парламентарци кои не се плашат да му погледнат во очи на непријателот и да го поведат српскиот народ (или барем парламентарните служби) во борба против него.

Да не постоеја, Бугарите ќе требаше да се измислат

Две работи за тамошните избори. Прво, утврдено е дека вкупно 267 кандидати за кметови имаат соработувано со некогашната комунистичка тајна служба. Второ, тоа не значи дека изборната понуда е еднолична. Напротив. Многу напротив.

Бугарија има географ

Ем знае, ем фраер. Овие големите што демек го зезаат за пари не знаат да набројат толку држави колку што тој знае главни градови. Намиг.