Балканштина

Како ќе звучеше ако Отпишаните изгубеа од Швабите?

Лабаво, нема тука големи геостратегии. Само двајца прекрасни црепови (Дер Божо и Иван) ја пеат популарната српска свадбарска песна „Данас мајко жениш свога сина“. На германски. Па нема боље!

Кога младиот Бојко хранеше тела

Пар снимки од бугарскиот премиер и неговата прва професионална љубов, како телохранител на Тодор Живков и бугарскиот цар. Снимките изгледаат како да гледате свадба на Цеца од 91-ва.

Ајде Радо, ајде Леонардо

Музиката на српските свадби е иста. Играњето е исто. Само што сватовите понекогаш знаат да изненадат. Најјако е што сите други играат како секој ден да го прават тоа со нинџа желка.

Напната сцена на недоразбирање меѓу Балканец и Германка

Балканецот е од моделот босански гастарбајтер. Германката од моделот БМВ.

Палма на лице место

Градоначалникот на Јагодина отсекогаш бил пример за балкански популизам на стероиди. Како Саи Баба оди од еден до друг пензионер и на лице место разрезува кој колку треба да добие.