Балканштина

Не сакав децата да ми растат во слепа и националистичка земја

Им дале транспарентни и морале да викаат: "Европо, подалеку рацете од Македонија, Македонија е Грчка..." Син ми немаше поим каде е и што е Македонија, беше премлад.

Послушајте грчки патриоти

Треба да ја разбереме Грција, тие само имаат потреба да најдеме начин како нашата Македонија да се разликува од нивната... Ова е една од честите шашми кои во последно време се продаваат по македонските медиумски тезги. А како подобро ќе ги разбереш, ако не читаш нивни изворни погледи на работите:.

Српска просечна загатка: Кој возел пребрзо?

Српските патарини почнаа да мерат просечни брзини, но проблемите започнаа. Лесно е софтверот да пресмета колку еден автомобил возел меѓу две наплатни, но, на кое место е направен прекршокот, кој суд е надлежен и најбитно - кој шофер да се казни ако во возилото ги имало повеќе?

Бурекот се претера

Бурекџилница во Панчево во која најмал проблем е да се решите дали со месо или со сирење. Имаат со димена коленица, со печена пиперка и фета сирење, со месо од пилешки копан и горгонзола, како и со подварок, сланина и кобасица. Човек од наша редакција, жесток поборник на класичниот бурек, на оваа понуда изјави: „Бурек со копан? Све им ебам наркоманско!“

Ноќна музика: клајне ама сербише

Ако еден национален јазик може да биде ранет со негова злоупотреба, тогаш јазикот на кој Гете го беше напишал Фауст, после оваа песна е мртов. Рилке, Хајне, Фихте, Шелинг, Бекенбауер... примете го нашето најискрено сочувство.