Балканштина

Како политичарите ја брукаат Босна

Прво Изетбеговиќ (Бошњак) ја кажа својата верзија а Драган Човиќ (Хрват) својата, па после настана мало подбутнување кој да стои на сцена додека зборува Туск од ЕУ. Можете да замислите какво е тоа раководство кога Младен Иваниќ (Србинот меѓу нив) ќе испадне најразумен. 

Сектата на Џани

Признаваме, за овој специмен немаме чуено ама се пријавуваме за негови апостоли и на првиот негов концерт во Скопје се нацртуваме во првите борбени редови. Да го видиме тој урнебесен свет кој го запознавме кај неговите Јутјуб коментатори. Се разбира, огромен дел од нив жестоко го тролаат, ама сепак, на која друга музичка ѕвезда, одушевен фан ќе му предложи: Џани, кењај ми на груди?!

Колкав е вашиот?

Легендата на српското аграрно новинарство (РИП) поставува прашање за буџетот и отпосле му текнува како тоа прашање може да звучи. А политичаров му одговара озбилно, наместо да ја прифати играта па да му каже: „Мал ни е, ама многу си го сакаме“.

Меша Селимовиќ на стари години го сфатил Иво Андриќ

За духовниот стриптиз на јавните професии со кои човек се соголува и се прави достапен на туѓата пакост, мрзовоља и желба за нечиј неуспех. И за кавгите со Андриќ дали писателот треба да биде дежурен коментатор на случувањата (Селимовиќ) или да брка своја работа (Андриќ).

За ова ли бре Никола се бореше?

Јаден Тесла кај го напикале. Ја гледа сценава и си вика: За ова ли струја им дадов, па уште и наизменична!

Je Suis Курчевит

Генералниот секретар во кабинетот на Александар Вучиќ, Никола Селаковиќ, објаснува што народ се луѓето од Косовска Митровица. Чиста етнологија.