Моторизирана екипа специјалци шпарта по велешките улици, короната затвора ќепенци, се крие по ќошиња и ја колне судбината што не се родила како ебола. Стани си утре порано, и онака нема кај да одиш вечер подоцна.
ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија: „За време на полицискиот час, уништени се општински и приватни хортикултурни елементи, цвеќе и дрвја во строгиот центар на плоштадот во Гевгелија“.
Спасе Мадафака има нова ствар (ни ја најави 24 часа порано па на секои два саат проверувавме до кај е; побавно никогаш не ни минувало времето). Иако сценариото ги следи сите параметри на порно жанрот, но сикирики, без звук е SFW.