Го оставија нашиов да се разнежни и распекмези околу „братската и нелицемерна љубов“ која ја добиваат од своите бугарски браќа во Христа за на крај да му закуцаат прашање која е неговата порака до бугарскиот и СЕВЕРНОМАКЕДОНСКИОТ народ. Мислите на отец Јаков му воскресна некоја сива ќелија? Ваистину не му воскресна.
Не е важно што риба ќе погодиш туку што бела техника ќе утнеш. Ах, како фино тука ќе легнеше една од оние смешки: само вие држете се до името, како името да ќе ви ја исчисти реката....
Баш така, овде фали само бабата од Црвенкапа за комплетно да ги збуниме тоа децата. Одиме набрзинка да ја разгледаме сликовницата Пепелашка, македонско издание.